Gazepov, Strahil and Micevska, Viktorija and Gorgiev, Alen and Stojkova, Slavena (2020) Хемиски корозивни болести на око. Knowledge – International Journal, 38 (4). pp. 853-858. ISSN 2545-4439
Preview |
Text
CHEMICAL CORROSIVE DISEASES OF THE EYE.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Овој натпис ни дава преглед на влијанието на хемиските изгореници на окото и неговите
аднекси.Хемиската изложеност на кој било дел од окото или очниот капак може да резултира со хемиска
изгореница на очите. Хемиските изгореници претставуваат 7-10 % од повредите на очите.
Повредите на окото со хемиски средства ги делиме на изгореници со алкалии и изгореници со киселини. Се
јавуваат главно во индустријата, занаетчиството, домаќинствата, а инциденцијата на изгореници со гасена
вар е многу честа кај градежните работници. Сепак тежината на изгореноста зависи од тоа која супстанција
ја предизвикала, колку време супстанцијата имала контакт со окото и каков бил третманот на повредата. Најчести алкални супстанции се: гасена вар Ca(OH)2, камена сода (NaOH), амонјак (NH3) и сл. Најчести
киселини се: азотна киселина (HNO3), сулфура (H2SO4), оцетна (CH3COOH) и хлороводородна (HCL).
Оштетувањето обично е ограничено на предниот сегмент на окото, вклучувајќи ја и рожницата,
конјуктивата, а повремено и внатрешните структури на окото и леќата. Изгорениците што продираат
подлабоко од рожницата се најтешки, честопати предизвикуваат катаракта и глауком. Нагласени се и
компликациите кои можат да се појават како резултат на дејството на ноксата, како и градирање на
оштетувањето во 4 степени.
Дијагностичката постапка е битен сегмент при ваквите повреди, што вклучува: целосен преглед на очите, со
цел утврдување на локацијата на повредата, проценка на флуоресцин-се утврдува степенот на
оштетувањето. Но, општо земено целиот обем на повредата нема да биде познат околу 24 часа по несреќата.
Третманот како клучен сегмент се разликуваат според хемискиот агенс и тежината на повредата и вклучува:
отстранување на хемискиот агенс со обилно и долготрајно промивање, аналгетици, антибиотици,
антиинфламатори.
Сепак, проценките сугерираат дека околу 90% од хемиските изгореници на окото се избегнуваат.Се советува
секогаш да се користи заштитна опрема која вклучува: безбедносни очила и штитови за лице. Исто така
важни начини за намалување на ризикот : запознавање на хемикалиите, безбедно ракување, отстранување на
контактни леќи.
Како главен фокус на целокупниот труд е истражувањето спроведено во ЈЗУ „Клиничка болница„-Штип на
одделение за офталмологија во изминатите 3 години. Во податоците од истражувањето се вклучени сите
пациенти кои имале некои хемиски како и механички повреди на око.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | изгореници, алкали, киселини,третман |
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Strahil Gazepov |
Date Deposited: | 03 Sep 2020 09:04 |
Last Modified: | 03 Sep 2020 09:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24413 |
Actions (login required)
View Item |