Dimitrov, Nikola (2020) Географијата и географите во Битола и Битолско. Other. Nikola V. Dimitrov, Bitola.
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
Никола В. Димитров,Географијата и географите во Битола и Битолско,монографија.pdf Download (18MB) | Preview |
Abstract
Монографијата „Географијата и географите во Битола и Битолско“ е резултат од повеќегодишно истражување посветено на појавата и развојот на географијата и географската мисла во Битола, Битолско и пошироко (се мисли на соседните општини Демир Хисар и Ресен).
Содржински материјалот во монографијата има три дела и дванаесет поглавја, со текстуални податоци хронолошки изнесени, поткрепени со голем број фотографии, неколку карти и табели:
- Прв дел, Почетоци на географијата и географските записи за Хераклеја Линкестис и Битола
- Втор дел, Појава на географијата како наставен предмет и првите географи во Битола
- Трет дел, Развој на географијата и географската мисла во Битола и битолско од 1945 година
до денес.
Во првиот дел: Почетоци на географијата и географските записи за Хераклеја Линкестис и Битола, има две поглавја. Во првото, зборуваме за Почетоци на географијата, првите географски карти и споменувањето на Хераклеја Линкестис (претходницата на Битола). Во второто поглавје, Период на патописци, има повеќе географски описи за Битола забележани од патописците.
Во вториот дел: Појава на географијата како наставен предмет и првите географи во Битола, исто така има две поглавја. Во првото зборуваме за Појава на географијата како наставен предмет, а во второто за Географијата и првите географи во Битола. Овде се поместени податоци за географијата и првите географи кои работеле во Битола.
Во третиот дел: Развој на географијата и географската мисла во Битола и битолско од 1945 година до денес, е најобемен и има осум поглавја: Географијата и географите (1945-1955); Географијата во Учителска школа „Браќа Миладиновци“ (1946-1964); Прва географска секција (1956-1968); Наставата по географија во Педагошката академија Битола (1964-1984); Регионална географска секција, (1969-1977); Географско здружение на општина Битола и Демир Хисар (1977–1983); Здружение на географичарите (1983-2005) и последно поглавје Регионално географско друштво „Геосфера“ (2005 - ). Овој дел има хронолошки податоци за развојот на географската мисла, активностите на наставниците и професорите по географија и секако најважни биографски податоци за околу стотина наставници и професори, поткрепени со над четиристотини фотографии.
На крајот, книгата завршува со Дискусија, во која е резимиран развојот на географската мисла во Битола и битолско во последните седум децении или на приближно пет генерации географи.
Во делот Прилози, поместен е Преглед на сите основни и средни училишта со имиња на над сто седумдесет наставниците и професори кои предавале во истите.
За комплетирање на книгата користевме соодветна литература и други извори - архивско истражување во архив Битола, персонални досиеја на вработени наставници и професори по географија во основни и средни училиштата и секако анкетните листови и интервјуата со пензионирани и активни наставници и професори по географија во Битола и битолско, Ресен и Демир Хисар, со членови на нивни семејства и поранешни ученици. На сите авторот им искажува искрена благодарност.
Книгата е посветена на колегите географи од Битола и битолско за нивниот придонес во ширење на географијата и географската мисла во образовниот процес на младите генерации
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Social and economic geography |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Nikola Dimitrov |
Date Deposited: | 19 Aug 2020 11:23 |
Last Modified: | 19 Aug 2020 11:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24339 |
Available Versions of this Item
-
Географијата и географите во Битола и Битолско. (deposited 23 Jun 2020 06:25)
- Географијата и географите во Битола и Битолско. (deposited 19 Aug 2020 11:23) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |