Клиничка фармација

Arsova-Sarafinovska, Zorica and Darkovska-Serafimovska, Marija and Balkanov, Trajan (2020) Клиничка фармација. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-732-2

[thumbnail of Klinicka farmacija.pdf]
Preview
Text
Klinicka farmacija.pdf

Download (462kB) | Preview

Abstract

Учебникот ,,КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА” е наменет првенствено на студентите на студиската програма – магистер по фармација. Со помош на овој текст студентите ќе се запознаат со поимот и дефиницијата за клиничка
фармација, главната цел и нивоата на дејствување на клиничките фармацевти, нивната улога и задачи во современиот интегриран здравствен систем. Оваа учебник ќе им овозможи на студентите да ги прошират своите знаења за интеракциите на лекови и механизмите на нивно
настанување, да ги препознаваат лековите со висок потенцијал за појава на интеракции, како и
групите пациенти со зголемен ризик за интеракции на лекови. Посебно внимание е посветено на несаканите реакции на лекови, нивната класификација на тип А и тип Б, најважните фактори на предиспозиција, механизмите за нивно настанување, утврдување и следење, како и со
системот за известување за несакани реакции на лековите. Во текстот се утврдуваат и најважните поими од областа на клиничката фармакологија, а се воведува и поимот за
клиничка фармакокинетика како примена на фармакокинетиката во широк опсег на клинички
случаи. Посебно поглавје во ова учебно помагало е посветено на интерпретација на лабораториските
резултати, неопходно за успешно функционирање на клиничките фармацевти. Исто така, во текстот се претставени и препораки за примена на лекови во специфични популациони групи (деца, стари, новороденчиња...). Фармакокинетските промени кај децата имаат значајна улога во однос на тоа како лекот се поднесува од организмот и мора да се земат предвид кога се одредува режим на дозирање (на пример, тежината и висината на децата се менуваат за многу краток период, а деталите за пациентите мора да бидат точни за да се обезбеди соодветна доза). Од друга страна, постарите луѓе често боледуваат од хронични болести и се главни
потрошувачи на лекови. Како последица од стареењето се јавуваат многу физиолошки промени кои влијаат врз апсорпцијата, метаболизмот, врзувањето за плазматски протеини, распределбата и излачувањето на лековите и кои треба да се земат предвид при дозирањето.
На крајот на учебникот се дадени и примери на случаи, со цел студентите да ја вежбаат примената на стекнатото теоретско знаење на реални случаи.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Darkovska-Serafimovska
Date Deposited: 18 Aug 2020 08:02
Last Modified: 18 Aug 2020 08:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24333

Actions (login required)

View Item View Item