Евалуација на вредноста на џвакопритисокот кај хибридни протези над импланти во мандибула

Krstevski, Danilo and Mijoska, Aneta and Kovacevska, Gordana (2019) Евалуација на вредноста на џвакопритисокот кај хибридни протези над импланти во мандибула. Knowledge - International Journal Scientific Papers, 34 (4). pp. 785-792. ISSN 1857-923X / 2545-4439 (print)

[thumbnail of KIJ, Vol. 34.4[001-026].pdf]
Preview
Text
KIJ, Vol. 34.4[001-026].pdf - Published Version

Download (948kB) | Preview
Official URL: http://www.ikm.mk

Abstract

Во клиничката пракса среќаваме пациенти кои во долната вилица поради разни фактори имаат мал број преостанати заби без перспектива. Поради намален товарен капацитет тие се расклатуваат и целосно се губат. Протетиката е вистинска магија која има големи можности за имедијатна импланто - протетичка рехабилитација. Целта е да се сочува алвеоларниот гребен и да се успори неговата ресорпција. Во современите светски трендови конвенционалната протетика се заменува со тераписки методи и супраструктури како модерна протетичка терапија за оваа проблематика. Како пример за едно од таквите реставрации кои практично се применети го презентираме multi unit system протезирањето со имедијатна хибридна протеза. Таа претставува условно мобилна супраструктура која е фиксирана со зашрафување врз 4 импланти. Комбинацијата на орално - хирушка интервенција со вградување на 4 импланти и изработка на хибридна протетичка супраструктура врз нив, позната е со популарно кратко име “сите на четири - all on four”. За ваквиот мултидисциплинарен концепт во светската стручна јавност многу се зборува и пишува. Над вградените 4 импланти, имедијатно се поставува и веднаш џвакално се ангажира супраструктура со максимален број од 12 заби. Протезната конструкција циркуларно го опфаќа целиот беззабен гребен. Билатерално, џвакалниот центар е мезијализиран во пределот на вториот премолар и првиот молар. Вака применетата техника е практична современа мултипна комбинација за имедијатна рехабилитација и брзо обезбедување на џвакалната функција. Добиените податоци кај испитаниците со интактно забало укажаат на разлика во развивањето на загризната сила во џвакалниот центар. Значително повисоки вредности се регистрирани кај испитаници со масетричен тип на мастикација и со сигнификантни разлики на загризната сила во моларната регија. Кај испитаниците со тотална беззабост третирани со класични тотални протези функционалната ефикасност е значително помала. Ваквиот резултат се должи на гингивална дистрибуција на оптеретувањето само кон мастикаторната тегментна гингива и алвеоларниот гребен. Вредноста на загризната сила кај испитаниците со парцијални протези по Kennedy I класа на беззабост според извршената регистрација во регијата на џвакалниот центар е повисока. Притисокот се пренесува комбинирано, дел гингивално, дел го прифаќаат преостанатите заби. Кај испитаниците со хибридни протези врз импланти функционалната ефикасност е поголема. Хибридната протеза надворешно наликува на класична протеза, но за разлика од неа таа во базата супраструктурно е зашрафена со мини штрафови врз имплантите. Ретинирана е исклучиво на минимум 4 импланти поставени во алвеоларниот гребен кои подоцна остеоинтегрираат во функција на џвакање. Постои минимален благ тангенцијален контакт помеѓу неа и меките ткивата на алвеоларниот гребен. Има практична можност да се вади - одшрафува за разни потреби, на пример лекување на перимплантит, дополнителна хигиена од наталожен плак, потреба од разни репараторни корекции и полирања. Често се вградува и се користи како имедијатна протетичка терапија кај пациенти кои се во преодната фаза од парцијално - субтотална кон тотална беззабост. Имено, поради приоритетното успорување на понатамошна атрофија на потпорните ткива и ресорпцијата на алвеоларниот гребен таа превентивно наменски се применува.
Клучни зборови: имплант, протеза, џвакањe, супраструктура.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 13 Aug 2020 07:42
Last Modified: 13 Aug 2020 07:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24244

Actions (login required)

View Item View Item