Физибилити студија за почеток на експлоатација на јаглен од јагленовото наоѓалиште “Неготино“ – Неготино

Panov, Zoran and Despodov, Zoran and Boev, Blazo and Spasovski, Orce and Mirakovski, Dejan and Mijoski, Goran and Karanakova Stefanovska, Radmila and Doneva, Blagica and Mijalkovski, Stojance and Dimov, Gorgi and Popovski, Risto (2010) Физибилити студија за почеток на експлоатација на јаглен од јагленовото наоѓалиште “Неготино“ – Неготино. [Experiment]

[thumbnail of Panov_Studija_Negotino.pdf] Text
Panov_Studija_Negotino.pdf

Download (57kB)
Official URL: http://fptn.ugd.edu.mk/

Abstract

Енергијата е основа за секое општество. Таа е потреба за одржливост, развој и напредок. Енергетскиот биланс во Р. Македонија дава податоци дека 80 % од вкупното производство на електрична енергија токму отпаѓа на добивањето на електрична енергија од фосилни гориво – јаглени. Задржувајќи го овој тренд и развој, користењето на јаглените како главни енергетски суровини ќе бидат едни од сегашните но и идни двигатели и чинители на енергетскиот биланс во државата во наредните 20 – сетина години.

Како што е познато, преку 80% од целокупното производство на електрична енергија во Р. Македонија се обезбедува од термоцентралите на РЕК БИТОЛА – Битола и РЕК ОСЛОМЕЈ – Кичево, кои се изградени врз основа на откриените резерви на јаглен. Векот на работа на ТЕ – Битола со моќ од 3 х 225 МW е во непосредна зависност од преостанатите експлоатациони резерви на јаглен на ПК Суводол, каде што заклучно со 31.12.2006 год. до крајот на експлоатацијата преостануваат околу 40 - сетина милиони тони јаглен, додека вкупните маси на јаловина во копот до крајот на експлоатацијата изнесуваат околу 60 милиони m3, што значи дека експлоатациониот коефициент на откривка изнесува околу Кекс = 1.45 m3/t.

Со балансираното производство на електрична енергија со програмата на Електростопанство на Македонија овие резерви ќе се потрошат околу 2012 година. После овој период може да се појави недостаток на електрична енергија, ако навреме не се превземат соодветни чекори во дефинирањето и решавањето на стратегијата на развојот на енергетиката. Поради тоа Електростопанство на Македонија, односно ЕЛЕМ АД, има превземено соодветни мерки за што е паралелна експлоатација на новиот површински коп Брод - Гнеотино.

Експлоатацијата на јаглен на новите потенцијални наоѓалишта на јаглен е една од основните стратешки правци на обезбедување на сигурни енергетски извори за наредните 20 – сетина години. Сложените геотехнички услови на работа, потребата за хомогенизација на јагленот, вклучувањето во оптимален систем на дотур на јаглен во термоелектраната, од своја страна бара дополнителни стручни и научни истражувања кои би дале одговор на прашањето кој систем за експлоатација би бил оптимален и која би била цената на чинење за откоп на јаглен во наоѓалиштето за јаглен “Неготино“.
Од тие причини, а на барање на Министерство за економија, е изработена оваа физибилити студија за почеток на експлоатација на јаглен од наоѓалиштето “Неготино“.

Item Type: Experiment
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Zoran Panov
Date Deposited: 29 Nov 2012 11:30
Last Modified: 04 Feb 2013 17:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2424

Actions (login required)

View Item View Item