Примената на правилна деловна етика во насока на подигнување на мотивираноста и задоволството на вработените

Beginova Todorov, Ana (2020) Примената на правилна деловна етика во насока на подигнување на мотивираноста и задоволството на вработените. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of лекторирана маг. Ана Бегинова – Тодоров 1-converted.pdf]
Preview
Text
лекторирана маг. Ана Бегинова – Тодоров 1-converted.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во време кога глобализацијата и технологијата се влезени во секој домен на делување и вршат големо влијание врз организациските култури на претпријатијата, лидерските методи и стилови мора постојано да се адаптираат за да може организацијата да оди напред. Токму затоа треба да се стави акцент на деловната етика во организацијата. Важноста на етиката за успехот во работењето на ниво на емпириско искуство и работна пракса е потврдена посебно во најразвиените светски економии.
Мотивацијата е една од најистражуваните теми во рамки на современите организации. Проучувана е од страна на многу автори, кои на специфичен начин даваат придонес во разјаснувањето на оваа област, која е многу значајна за разбирање на човечките потреби. Имајќи предвид дека секој вработен се разликува во однос на своите потреби, секој се мотивира на различен начин. На тој начин вработените прилагодуваат во средината и имаат чувство на поврзаност со визијата на фирмата.
Преку деловната етика и мотивацијата, вработените не се фокусираат само на нивните лични интереси, туку се стремат за доброто на оргнизацијата. Токму затоа, неспорен е фактот дека многу претпријатија поголемо внимание посветуваат кон создвање на поволна деловна етичка организација и кон мотивирање на вработените, бидејќи ефектот што го имаат врз фирмата, како и врз задоволството на вработените, дава само позитивни резултати.


Клучни зборови: деловна етика, мотивација, задоволство на

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Aug 2020 07:20
Last Modified: 13 Aug 2020 07:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24227

Actions (login required)

View Item View Item