Примена на финансиската анализа во оценка на кредитната способност на компаниите

Todosievska, Ana (2020) Примена на финансиската анализа во оценка на кредитната способност на компаниите. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Magisterski trud-Ana Todosievska.pdf]
Preview
Text
Magisterski trud-Ana Todosievska.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Проценката на кредитната способност на компаниите е еден од најважните процеси од кои зависи квалитетот на побарувањата, односно квалитетот на кредитното портфолио и активата на една банка. Сите фактори кои влијаат врз ризиците со кои се соочуваат банките во нивното работење, од кои најзначаен е кредитниот ризик, се предмет на испитување во процесот на финансиската анализа, односно анализата на кредитната способност на компаниите. Процесот на финансиска анализа опфаќа анализа на работењето на компанијата во минатото и сегашноста, со цел за што поуспешно предвидување на нејзината идна деловна активност.
Предмет на истражување во овој магистерски труд претставува утврдување и анализа на политиките и процедурите кои ги користат банките во проценката на кредитната способност на одделните компании, поконкретно да се утврди кои информации и се потребни на банката во процесот на анализа на финансиските извештаи и на кој начин (преку примена на кои методи и техники) истите ги толкува, за да го оцени кредитниот бонитет на компанијата и нејзината способност за задолжување.

Клучни зборови: финансиска анализа, финансиски извештаи, кредитна способност, компании

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Aug 2020 07:19
Last Modified: 13 Aug 2020 07:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24226

Actions (login required)

View Item View Item