Arsova-Sarafinovska, Zorica and Darkovska-Serafimovska, Marija and Balkanov, Trajan (2020) Клиничка фармација - учебник. University "Goce Delcev" Stip. ISBN 978-608-244-732-2
Preview |
Text
Final_Klinicka_Farmacija_Ucebnik_p_1_10.pdf Download (553kB) | Preview |
Abstract
Учебникот „Клиничка фармација” е наменет првенствено на студентите на студиската програма – магистер по фармација, кои го слушаат предметот Клиничка фармација на Факултетот за медицински науки, на Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип. Со помош на овој текст студентите ќе се запознаат со поимот и дефиницијата за клиничка фармација, главната цел и нивоата на дејствување на клиничките фармацевти, нивната улога и задачи во современиот интегриран здравствен систем. Оваа учебник ќе им овозможи на студентите да ги прошират своите знаења за интеракциите на лекови и механизмите на нивно настанување, да ги препознаваат лековите со висок потенцијал за појава на интеракции, како и групите пациенти со зголемен ризик за интеракции на лекови. Посебно внимание е посветено на несаканите реакции на лекови, нивната класификација на тип А и тип Б, најважните фактори на предиспозиција, механизмите за нивно настанување, утврдување и следење, како и со системот за известување за несакани реакции на лековите. Во текстот се утврдуваат и најважните поими од областа на клиничката фармакологија, а се воведува и поимот за клиничка фармакокинетика како примена на фармакокинетиката во широк опсег на клинички случаи. Посебно поглавје во ова учебно помагало е посветено на интерпретација на лабораториските резултати, неопходно за успешно функционирање на клиничките фармацевти. Исто така, во текстот се претставени и препораки за примена на лекови во специфични популациони групи (деца, стари, новороденчиња...). На крајот на учебникот се дадени и примери на случаи, со цел студентите да ја вежбаат примената на стекнатото теоретско знаење на реални случаи.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Zorica Arsova Sarafinovska |
Date Deposited: | 13 Aug 2020 07:18 |
Last Modified: | 13 Aug 2020 07:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24225 |
Actions (login required)
View Item |