Stojanovska, Zdenka (2020) Биофизика (учебник наменет за студентите по медицински науки). UGD Stip. ISBN 978-608-244-726-1
Preview |
Text
Биофизика.pdf Download (8MB) | Preview |
Abstract
Учебникот е наменет за студентите по медицинските науки. Неговата основна цел е да ги објасни концептите на биофизиката на човечкиот организам како и физичките основи на некои медицински дијагностики и тераписки методи.
Содржината е организирана, според областите на физиката, во седум тематски целини: механика на цврсто тело, механика на флуиди, звук, транспортни процеси, електрични и магнетни појави, оптика и јонизирачки зрачења. За разбирање на текстот, доволни се основни предзнаења стекнати од кое било средно образование. Секоја тема содржи поглавја структурирани така што се почнува од физиката, потоа биофизиката на одреден дел од телото и на крај медицинската дијагностика и терапија. За секое биофизичко толкување на одреден процес се вклучени неопходните елементарни објаснувања од анатомијата и физиологијата.
Одредени процеси во човечкиот организам се анализирани и квантитативно. По неколку примери во секоја тема го илустрираат пристапот, применувајќи исклучително алгебра и тригонометрија. Напредокот на медицинската дијагностика и терапија, меѓу другото, се должи и на примена на физичките методи. Некои од нив, со нивните предности и ограничувања, се објаснети во соодветните теми.
Во согласност со наставната содржина, биофизиката е основа за разбирање, првенствено на физиологијата и патофизиологијата, но понатаму и за радиологијата, нуклеарната медицина, физикалната терапија и радиотерапијата.
Пишувањето учебник е работа која бара сериозен пристап, особено кога станува збор за мултидисциплинарна наука како што е биофизиката. Имајќи предвид дека повеќето од студентите по медицински науки не се премногу мотивирани за физика, пишувањето беше голем предизвик. Учебникот претставува преработка на мојата претходно објавена скрипта по биофизика, направена врз основа на согледувањата на резулатите од проверките на знаењата на студентите. Некои од појавите се изземени од учебникот, а некои се дообјаснети со голем број примери и илустрации. На крајот од секоја тема се вклучени и примери за самостојна проверка на знаењето.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Natural sciences > Physical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Zdenka Stojanovska |
Date Deposited: | 14 Jul 2020 16:08 |
Last Modified: | 14 Jul 2020 16:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24221 |
Actions (login required)
View Item |