Примена на текстилот во ентериер

Manasievska, Ankica (2020) Примена на текстилот во ентериер. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Лекторирано, Анкица, магистерскаVerzija 12.01 (1).pdf]
Preview
Text
Лекторирано, Анкица, магистерскаVerzija 12.01 (1).pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Првите податоци за употребата на текстилот датираат од доцно камено време на подрачјето на Блискиот Исток. Со развојот на човештвото, текстилот ја пронашол својата примена и употребата во домот. Домот е една од најнезаборавните инвестиции што ги прави човекот во својот живот. Затоа таа инвестиција треба да биде убава, нова и полна со спомени.
Внатрешното декорирање не се состои само во избор на мебел и негови додатоци, тоа исто така е изнаоѓање на соодветни ткаенини кои ќе изгледаат убаво и ќе одговараат на животниот стил. Мебелот не е единствен соработник во диференцирачките простори, тука е и ткаенината која мора да обезбеди текстура, боја, карактер, чувство на удобност која недостасува во внатрешната архитектура. Ткаенината може да го направи тоа подобро од кој било друг медиум.
Ткаенината се употребува во домот на многу места како, на пример, во дизајнирање и тапацирање на мебел и столици, како завеси и драпери, теписи и покривки, па сè до декоративни елементи кои го надополнуваат ентериерот од естетски аспект.
Секој текстилен материјал располага со единствен спој на влакна со соодветни својства кои ги дефинираат механичките, физичките и хемиските карактеристики. Врз основа на овие карактеристики се дефинира и употребата на материјалот во домот, во зависност од намената и местото во ентериерот. Влакната претставуваат основа на сите текстилни материјали.
При изборот на ткаенина за домот секогаш ќе постои дилемата дали да се применат природни или синтетички материјали, со оглед на тоа што и едните и другите имаат свои предности и недостатоци. Во таа смисла, повеќето домови имаат различни споеви на природни и синтетички материјали. Сепак, индивидуалниот пристап и намената на просторот се клучните фактори кои се одлучувачки по ова прашање.

Клучни зборови: Ентериер, ткаенина, текстил, текстилни влакна, тапацир, мебел.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 09 Jul 2020 07:07
Last Modified: 09 Jul 2020 07:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24188

Actions (login required)

View Item View Item