Mihajlova, Bisera (2020) Банкарски ризици при кредитирање на деловните субјекти во Република Северна Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
лекториран магистерски труд Бисера.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Целокупната стопанска активност на државата е поврзана со работата на деловните субјекти и банките како финансиски институции кои се чинители на портфолиото на едно стопанство. Предметот на работење на претпријатијата е успешното функционирање и планирање на деловната активност, која бара финансиски средства. Поврзаноста со изворот на финансиска помош при работењето, односно банкарските институции кои се во тесна соработка со деловните субјекти. Банкарскиот систем е витален орган на државата и финансиската основа на можноста на работење на деловните субјекти. Колку таа конекција и синергија предизвикува одредени ризици за давателите на финансиските средства е прашање на т.н. банкарски ризик при кредитирање на деловните субјекти. Банките сѐ повеќе се соочуваат со кредитен ризик (или ризик од договорна страна) преку различни финансиски инструменти, освен заеми, вклучувајќи банкарски трансакции, финансирање на трговијата, девизни трансакции, финансиски фјучерси, обврзници и проширување на обврските и гаранции и порамнување на трансакциите. Кредитирањето е строго дефинирана политика на банката, каде што банката диктира услови, а клиентите, доколку склучат договор, се должни да ги следат и почитуваат тие услови. Но тоа секако претставува взаемен процес меѓу банките и деловните субјекти. Зависноста едни од други е предмет на многу анализи. Банкарскиот систем е еден од реално најстабилните сектори во целокупната стопанска активност во Република Северна Македонија и тоа придонесува за привлекување на странски инвеститори и во банкарството и во стопанството.
Клучни зборови: банки, деловни субјекти, банкарски ризик, финансирање, кредитирање
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 09 Jul 2020 07:06 |
Last Modified: | 09 Jul 2020 07:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24187 |
Actions (login required)
View Item |