Значење на маркетинг планот за успешно деловно работење

Jovanov, Tamara and Bezovski, Zlatko and Temjanovski, Riste (2020) Значење на маркетинг планот за успешно деловно работење. Macedonian International Journal of Marketing, 6 (11). pp. 131-137. ISSN 1857-9787

[thumbnail of Cover, contents, editorial board]
Preview
Text (Cover, contents, editorial board)
МАРКЕТИНГ СПИСАНИЕ БРОЈ 11 - 24.06.2020 со УДК броеви-1-5 (1).pdf - Supplemental Material

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of published paper]
Preview
Text (published paper)
МАРКЕТИНГ СПИСАНИЕ БРОЈ 11 - 24.06.2020 со УДК броеви-131-137.pdf - Published Version

Download (691kB) | Preview

Abstract

Во трудот се анализира значењето и намената на маркетинг планот, како клучна алатка во рамките на стратешката деловна активност - маркетинг планирање. Преку проучување на бројна литература, ги објаснуваме различните размислувања на темата, ги прикажуваме придобивките од маркетинг планот, со цел да се покаже неговата корисност и потребата од негова употреба во рамки на работењето на деловните субјекти. Воочено е дека размислувањето за чекорите пред тие да бидат направени, давањето на фокус на менаџерите и идентификување на области за подобрување се некои од клучните предности на планирањето. Се посочува дека во случај кога компанијата е високо пазарно ориентирана и во целост го има прифатено и работи врз основа на филозофијата на маркетинг концептот, корпоративниот план би требало да биде многу близок, ако не и идентичен со маркетинг планот. Маркетинг планирањето е исто така многу важно за он-лајн стратегијата и е-бизнисот. Планот за е-бизнис може да се креира како посебен документ или како дел од корпоративниот маркетинг план. Во трудот се објаснува дека маркетинг планирањето го зема предвид вкупниот потенцијал на бизнисот и директно ги поврзува поставените цели со потребните ресурси и активности за нивно остварување. Анализата покажува дека најголемиот дел од компаниите (околу 80%) кои го планираат своето работење покажуваат високо задоволство од резултатите на неговата примена. Прикажани се трите основни пристапи во планирањето. Како клучни ефекти од неговата примена се издвојуваат: систематска идентификација на можностите и заканите; подготвеност за пресретнување на промените; спецификација на оддржлива конкурентска предност; подобрена комуникација меѓу менаџерите/вработените; намалување на конфликтите помеѓу индивидуите и одделите; вклученост на сите нивоа на менџмент во процесот на планирање; посоодветна алокација на ограничени ресурси; конзистентност на приодот кон работата низ целата организација; повисок степен на пазарна ориентираност на организацијата. Значењето на овој труд произлегува од деталното разработување на стите аспекти на маркетинг планот, со што се овозможува образовната и бизнис заедницата да има јасен увид во теоријата и примената на овој стартешки документ, со можност за натамошна научна разработка на темата или пак, примена на резултатите од трудот во работењето на деловните субјекти.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 09 Jul 2020 07:02
Last Modified: 09 Jul 2020 07:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24177

Actions (login required)

View Item View Item