Однос помеѓу отштетно-правниот односи стекнувањето без основ во македонското право

Ampovska, Marija (2020) Однос помеѓу отштетно-правниот односи стекнувањето без основ во македонското право. In: Седма меѓународна научна конференција Општествени промени во глобалниот свет, 03 Sept 2020, Stip. (Unpublished)

[thumbnail of Прелиминарна програма за конференција во Штип 2020 (1) (1).pdf]
Preview
Text
Прелиминарна програма за конференција во Штип 2020 (1) (1).pdf

Download (385kB) | Preview
[thumbnail of prezentacija za konf. Stip 2020.pdf]
Preview
Text
prezentacija za konf. Stip 2020.pdf

Download (981kB) | Preview

Abstract

Според конвенционалните стојалишта постои квалитативна разлика помеѓу стекнувањето без основ и одговорноста за надомест на штета бидејќи од стекнувањето без основ произлегуваат обврски за реституција а од настанувањето на граѓанско-правната одговорност произлегуваат обврски за надомест или компензација. Во теоријата се вели дека обврските за реституција имаат единствена цел да го решат проблемот - да се направи она што е праведно, тие имаат улога на правен лек и не постои потреба да се балансираат интересите на тужителот и тужениот во овој стадиум од развој на односот. Од друга страна, обврските за надомест се еквивалент на должноста да се обезбеди лек за последиците на нашите противправни дејствија. Во теоријата широко е прифатен заклучокот дека обврските за реституција и за надомест се тесно поврзани меѓу себе, пред сé поради постоењето на иста цел кај двете обврски – враќање на претходната состојба, како и поради заедничката заснованост во принципот на корективна правда. Оттаму, сосема е разбирливо стојалиштето на правната доктирна дека границата помеѓу тужбените барања за стекнување без основ и надомест на штета не може со јаснотија да се повлече, ниту во поглед на претпоставките за тужбеното барање, ниту во поглед на правните последици. Оттаму, предмет на ова истражување се од една страна, теоретско-правните карактеристики на овие две одделни облигации, но од друга страна и процесно-правните импликации кои настануваат како резултат на нејасните граници помеѓу двете облигации.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 04 Sep 2020 07:13
Last Modified: 04 Sep 2020 07:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24165

Actions (login required)

View Item View Item