Nikova, Sara and Krstev, Toshe (2020) Споредба на два методи на рехабилитација на фрактура на колк. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 40 (5). pp. 973-977. ISSN 2545-4439
Preview |
Text
Публикација Сара Никова.pdf Download (713kB) | Preview |
Abstract
Резиме: Фрактурите на фемурот како и на целиот долен екстремитет претставуваат причина за оневозможеност и намалена работоспособност. Долгите периоди на имобилизација од друга страна отвораат врата за појава на компликации кои доаѓаат токму од хипокинезијата и намалената циркулација. За справување со овие проблеми, во праксата се развиени протоколи за ран почеток со рехабилитација, во првите неколку дена во зависност со особините на пациентот. Постојаното оптимизирање на терапевтските средства како и нивната комбинација и понатаму ќе остане поле од интерес на секој вклучен во овие процеси. Ова истражување претставува наш придонес кон ова. Во периодот март – декември 2019 година на Одделението за физикална терапија – Струмица спроведовме истражување за бројот на пациенти, третирани на ова одделение како последица на фрактура на фемур. Дополнително спроведовме истражување за оценување на влијанието на зголемувањето на силата на раната примена на проприоцептивно невромускулно олеснување – ПНМО. Во Истражувањето беа вклучени 27 пациенти со просечна возраст 61,23±8,46 години. Пациентите беа поделени во две групи. Група К (контролна) (n=) и Група Е (експериментална) (n=). Сите пациенти поминаат терапевстки курс од 21 терапија. Програмата на Група К содржеше електротерапија и аналитичка гимнастика, а кај Група Е: магнет, ултразвук и ПНМО. За оценка на ефектите, направивме мерења на нивото на субјективна болка по ВАС и оценка на силата на мускулите на колкот и коленото. Резултатите покажуваат вкупен број од 70 пациенти за периодот 2018-2019 година. Како пациенти почести се жените од градските средини на возраст над 60 години. Резултатите од терапијата покажуваат поизразено засилување кај Група Е. Примената на ПНМО уште во раната фаза од
рехабилитацијата, ефективно помага во намалување на мускулниот дисбаланс, болката како и во нормализирање на физиолошките процеси како предуслов за тренирање на силата. Клучни зборови: колк, болка, фрактура, физикална терапија, кинезитерапија, рехабилитација
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tose Krstev |
Date Deposited: | 03 Jul 2020 06:24 |
Last Modified: | 03 Jul 2020 06:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24162 |
Actions (login required)
View Item |