Jovanova, Radica (2020) Жените и лидерството: развој, стил на лидерство и ефикасност со анализа на застапеноста на жени лидери во Република Северна Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Radica Jovanova_magisterski trud.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Прашањата за родот и различностите во организациите неразделно се разгледуваат. Истражувачите, практичарите и работодавците признаваат дека жените претставуваат поголем процент од работната сила. Уште поважно, овој раст постои на сите нивоа на организациската хиерархија.
Родовата сегрегација во однос на лидерството е тема која и не треба да постои во облиците на денешните општества. Но постои, и затоа е потребна работа за да се утврди дека женското лидерство во организациите е бенефит не само за компаниите, туку и за целата економија и општеството. Сепак преку голем број платформи, потоа декларации и идејни планови женското раководење е сместено во рамките на развој и иден предизвик. Жените сѐ повеќе се високообразовани и се на истата скала со мажите во однос на работните часови, што дозволува изедначување во хиерархијата во една организација. Сведоци сме дека во врвот на Европската Унија се токму женските лидери и тоа е предизвик не само за женскиот род, туку и за целокупната состојба.
Стиловите на лидерство кои ги претпочитаат жените лидери, нивната моќ како жени, потоа комбинацијата на утврдувањето на стратегиските цели преку визиите и способностите на лидерите ќе придонесат да се изостави спецификацијата и поделбата на женско и машко лидерство.
Особено е важно овој процес кој е започнат масовно да се практикува и во Република Северна Македонија да продолжи и да се забрза, со што ќе се покаже вредноста на македонската жена и она што таа умее да го направи за своето општество. Затоа сите трудови кои се посветени на женското лидерство треба да бидат во функција на избегнување на терминот родово лидерство и да постои само поимот успешно лидерство.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 30 Jun 2020 06:29 |
Last Modified: | 30 Jun 2020 06:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24154 |
Actions (login required)
View Item |