Улогата на стратегискиот менаџмент во создавањето на конкурентен бренд

Atanasovski, Viktor (2020) Улогата на стратегискиот менаџмент во создавањето на конкурентен бренд. PhD thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Лекторирана магистерска Виктор Атанасовски.pdf]
Preview
Text
Лекторирана магистерска Виктор Атанасовски.pdf

Download (7MB) | Preview

Abstract

Денешните компании се соочуваат со најтешката конкуренција досега. Разбирањето на клиентите е важен прв чекор во развивањето на врски со клиентите, но тоа не е доволно. За да добијат конкурентска предност, компаниите мораат да го употребат ова разбирање за да дизајнираат понуди на пазарот кои носат поголема вредност од оние на конкурентите кои се борат за истите клиенти.
Она што е важно за компаниите во денешни услови е да применат стратегиски пристап кон брендирањето, да посветат огромно внимание на креирањето на ефективни стратегии за корпоративно брендирање и бренд-портфолио стратегии кои ќе им овозможат понатаму креирање на висок бренд-капитал. За брендот се вели дека тој лично и емотивно се поврзува со потрошувачот и тоа поврзување се зголемува надвор од перципираните карактеристики. Брендот е колекција на искуства и асоцијации поврзани со услуга, личност или некој ентитет. Како резултат на огромните бенифиции кои компанијата ги добива од брендовите, се доаѓа до една категорија во бренд-менаџментот позната под името бренд-капитал (brand equity). Бренд-капиталот ја претставува вредноста која директно или индиректно се кумулира од бенифициите кои произлегуваат од брендот. Бренд-капиталот е збир на средства (и обврски) поврзани со брендот кои му додаваат вредност на производот или услугата на компанијата и на потрошувачите на компанијата.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 30 Jun 2020 06:26
Last Modified: 30 Jun 2020 06:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24153

Actions (login required)

View Item View Item