Студија за неискористени објекти кои се атрактивни за странски инвеститори

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Todorovic, Emilija and Taleska, Milena and Dimovska, Slavica and Dimovski, Cedomir and Taskov, Nako and Dzambazovski, Kristijan and Cuculeski, Nikola and Micevski, Mladen (2019) Студија за неискористени објекти кои се атрактивни за странски инвеститори. Министерство за економија, Скопје.

[thumbnail of Studija za neiskoristeni objekti.pdf]
Preview
Text
Studija za neiskoristeni objekti.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Во оваа студија, направена е анализа на туристичките ресурси односно неискористените објекти кои се наоѓаат на различни локации во Република Северна Македонија, како истите би се понудиле на странски инвеститори. Преку истражувањето, утврдена е погодноста на ресурсите за туристичка валоризација, односно како тие објекти да се користат во функција на туризмот и кои видови туризам би можеле да се развиваат. При утврдувањето на погодноста на секој објект за туристичка експлоатација, покрај степенот на атрактивноста на објектите (неискористени објекти, стари објекти во општините, училишта, детски одморалишта, културни домови и слично), со анализата опфатени се туристичката положба, сообраќајната поврзаност, оддалеченоста од изворите на побарувачката, анализа на демографските и економските предуслови за развој на туризмот, природното и културно наследство, потоа политиката за развој и достигнатиот степен на туристичкиот развој.
При утврдување на туристичкиот потенцијал на неискористените објекти во Република Северна Македонија, посебно внимание во студијата е посветено на нивно рационално, многу внимателно и одржливо користење, проследено со минимално нарушување на природните услови.
Основната цел на оваа студија е туристичка валоризација на неискористените објекти во сопственост на Република Северна Македонија во осумте плански региони и начините и мерките за нивно вклучување во туристичката понуда, со посебен акцент на одржливост и минимални нарушувања на нивните вредности. Специфична цел на студијата претставува мапирање, фотографирање и издвојување на најсоодветните објекти како потенцијални туристички атракции, со предлози за начините на нивно внимателно и одржливо туристичко користење преку презентација на нивните идејни проектни решенија.
Студијата, покрај туристичката валоризација на неискористените објекти, дава мерки и препораки за понатамошни активности поврзани со објектите, како усогласување на законската регулатива и промоција на објектите.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 26 Jun 2020 07:36
Last Modified: 26 Jun 2020 07:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24150

Actions (login required)

View Item View Item