Temjanovski, Riste (2020) Транспорт и логистика. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-722-3
Preview |
Text
Temjanovski Riste Transport i Logistika repositorium.pdf Download (651kB) | Preview |
Abstract
Меѓународниот транспорт претставува значајна стопанска дејност во системот на општествена репродукција, бидејќи без него не може да функционира системот на меѓународна размена. Современиот, ефикасен и рационално димензиониран сообраќај е основен услов за целосно функционирање на економскиот систем во секоја земја. Транспортот како составен дел од сложената сообраќајна инфраструктура претставува физички скелет и ги одредува насоките на комуникацијата на луѓето, производите, тековите на капитал во рамките на државата и надвор од неа. Транспортот во тој контекст има улога на крвоток, определувајќи го општиот систем на размена, а преку тоа и содржината на просторот и општествената организација на човековите активности.
Без добро развиени транспортен, логистички систем и синџир за управување со набавки, не можат да се обезбедат сите погодности кои ги носи економската политика на една земја. Само плански структуиран и организиран транспортен систем може да обезбеди подобра логистичка ефикасност, намалување на трошоците за работа, како и промовирање на квалитетот на услугите, а со тоа и поголема конкурентност на глобалните пазари. Подобрувањето на транспортните системи овозможува јакнење на јавниот и приватниот сектор. А добро управуван логистички систем може значително да ја зголеми и зајакне конкурентноста на јавните претпријатија и приватните компании.
Сепак, најзначајно место во анализата им е отстапено на новите промени и содржини во меѓународниот транспорт, бидејќи тие го чинат јадрото на новите економски системи, кои овозможуваат одржување на виталноста на современата економска наука и за стекнување на темелни и научно поткрепени знаења.
Клучни зборови: транспорт, логистика, управување со синџир на набавки, шпедитер, транспортна политика
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Prof.d-r Riste Temjanovski |
Date Deposited: | 26 Jun 2020 07:24 |
Last Modified: | 26 Jun 2020 07:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24141 |
Actions (login required)
View Item |