Безбедносна и одбранбена политика на Европската унија

Josifovic, Ivica (2011) Безбедносна и одбранбена политика на Европската унија. Working Paper. 2-ри Август С, Штип.

[thumbnail of Monografija.pdf]
Preview
Text
Monografija.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Основната хипотеза која ме наведе на истражување е тоа дека Европската унија преку вториот, меѓувладин, столб, иако има на располагање средства и способности (воени и цивилни) кои се користат на повеќе делови од светот, е сè уште цивилна сила, која допрва треба да се развие во ентитет кој ќе може да биде релевантен учесник на меѓународната сцена, во услови на постоење на колективна одбранбена организација – НАТО.
Од друга страна, пак, целта на истражувањето на наведениот предмет е комплексна и се состои од два клучни аспекта: најпрво, преку историскиот развој да се даде преглед на комплексноста и испреплетеноста на разни актери во процесот на одлучување во рамките на Европската безбедносна и одбранбена политика, што го усложнува самиот процес; и второ, преку присуството на Европската и безбедносна политика во Африка, Азија, Балканот, а особено во Република Македонија, да се прикажат научените лекции од надворешното дејствување на Унијата, со цел отстранување на постојните недостатоци.

Item Type: Monograph (Working Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 19 Jun 2020 07:16
Last Modified: 19 Jun 2020 07:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24134

Actions (login required)

View Item View Item