Стратегија за развој на туризмот во Општина Кратово 2020-2024

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Dimovski, Cedomir and Todorovic, Emilija and Taskov, Nako and Taleska, Milena and Dzambazovski, Kristijan and Cuculeski, Nikola (2020) Стратегија за развој на туризмот во Општина Кратово 2020-2024. Општина Кратово, Кратово.

[thumbnail of Strategija za turizam opstina Kratovo.pdf]
Preview
Text
Strategija za turizam opstina Kratovo.pdf

Download (6MB) | Preview

Abstract

Општина Кратово е сместена во Североисточниот дел на Република Северна Македонија и истата изобилува со природен и културен потенцијал за развој на туризмот. Градот Кратово е еден од најстарите градови во земјата и на Балканскиот Полуостров со богата култура, традиција и пријатни климатски услови.
Општина Кратово континуирано работи на полето на развој на туризмот и промоција на туристичките капацитети кои се наоѓаат на територијата на Општината. Стратешкото планирање им овозможува на сите заинтересирани страни за развој на туризмот правилно насочување и искористување на потецијалите за развој, позиционирање и брендирање на Кратово како препознатлива туристичка дестинација во национални и меѓународни рамки.
Туризмот денес претставува своевиден феномен, појава која е присутна во сите земји во светот и бележи се поголем раст, како на глобално ниво така и во нашата земја. Поради оваа причина, Општина Кратово изработи Стратегија за развој на туризмот за периодот 2020-2024 година. Стратешкиот документ претставува една од мерките на Општината кои се насочени кон подобрување на социо-економската и културна состојба во општината, преку одржлив развој на туризмот кој ќе донесе бенефит за локалното население и бизнис секторот.
Стратегијата за развој на туризмот во Општина Кратово е значаен документ кој ги посочува потенцијалите и можностите за туристички развој на овој простор, преку конкретни цели, мерки, активности и носители на активности во одредена временска рамка. Стратегијата врши анализа на позначајните природни и антропогени туристички вредности, услугите, активностите и видовите на туризам кои може да се развиваат на територијата на Општината. Истовремено, документот има за цел да ги инкорпорира во себе актуелните потреби и современите трендови на туристичкиот пазар во светот, а истите се прикажани преку реално остварливи решенија кои ги земаат предвид потенцијалите и можностите на Општината. Стратешкиот документ е изработен согласно постојната туристичка политика во нашата земја, консултирајќи ги соодветните планови, програми и стратегии на национално, регионално и локално ниво.
Стратегијата за развој на туризмот во Општина Кратово ја поставува нашата мисија и визија за иден развој на туризмот, односно ги опишува заедничките активности кои треба да бидат преземени во понатамошниот период од страна на сите заинтересирани страни во туристичкиот сектор. Општина Кратово преку изработката на оваа Стратегија, искрено се надева, дека периодот кој следува на полето на туризмот ќе биде обележан со константни успеси во кој сите чинители ќе земат активно учество.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 08 Jun 2020 07:34
Last Modified: 08 Jun 2020 07:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24094

Actions (login required)

View Item View Item