Студија за ефектите врз приватниот сектор - туризам и угостителство погоден од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19, со препораки за справување со економските ефекти

Dzambazovski, Kristijan and Metodijeski, Dejan (2020) Студија за ефектите врз приватниот сектор - туризам и угостителство погоден од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19, со препораки за справување со економските ефекти. Епи Центар Интернационал, Скопје.

[thumbnail of Finalna Studija Turizam i ugostitelstvo Covid19 MK.pdf]
Preview
Text
Finalna Studija Turizam i ugostitelstvo Covid19 MK.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Туризмот претставува еден од најбрзорастечките сектори во светската економија.
Според Светската Туристичка Организација при Обединетите Нации (UNWTO), доаѓањата на туристи во 2019 година на меѓународно ниво ја достигнале бројката од 1.500 милиони. Во 2018 година туристичката потрошувачка изнесувала 1.700 милијарди американски долари, а туристичката индустрија учествува со 10% во глобалниот бруто домашен производ (БДП). Секој десетти вработен човек во светот, е вработен во овој сектор.
Како во светски рамки, така и во нашата земја, статистиката поврзана со туризмот во изминатите декади константно бележи позитивни показатели.
Во Република Северна Македонија, податоците поврзани со бројот на туристи и остварени ноќевања во 2019 година се следните: бројот на туристите изнесува 1 184 963, од кои 427 370 се домашни туристи, а 757 593 се странски туристи; а бројот на ноќевањата во 2019 година изнесува 3 262 398, од кои 1 684 627 отпаѓаат на домашните туристи, а 1 577 771 на странските туристи.
Покрај сите позитивни социјални, културни и економски влијанија кои ги има туризмот, тој сепак е најмногу „чувствителен“ на влијанија како воени дејствија, тероризам, природни непогоди и катастрофи, како и ширење на различни болести кои го ограничуваат или спречуваат патувањето на туристите. Токму COVID-19 кризата, која се појави кон крајот на 2019 година доведе до прогласување на глобална пандемија од страна на Светската Здравствена Организација (WHO), а со ширењето на овој вирус дестинациите ширум светот на различен начин го ограничија движењето на луѓето со цел запирање на ширење на болеста. Пандемијата (ширење на болест на големи територии), покрај промената на животните навики на луѓето во светот доведе и до стагнација на економските активности во целокупното стопанство.
Главната цел на оваа студија е да се спроведе истражување за ефектите врз секторот туризам и угостителство кој е погоден од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 со препораки за справување со економските ефекти.
За постигнување на целта на студијата, направена беше анализа на секторот туризам и угостителство во земјата, беа спроведени истражувања за меѓународните искуства поврзани со справување со оваа криза како и мерките кои се преземени во земјата, а се однесуваат на секторот туризам и угостителство. Во студијата, на основа на спроведените истражувања (анкети и интервјуа) дадени се препораки – краткорочни и долгорочни мерки за справување со COVID-19 кризата.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 26 May 2020 08:01
Last Modified: 26 May 2020 08:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24053

Actions (login required)

View Item View Item