Анализа на извозните перформанси на македонската економија и мапирање на стратешките извозни сектори

Lazarov, Darko (2020) Анализа на извозните перформанси на македонската економија и мапирање на стратешките извозни сектори. In: Западен Балкан на глобалните пазари: Нови можности за трговска размена и инвестиции, 18 Feb 2020, Стопанска Комора на Македонија. (Unpublished)

[thumbnail of Rabotna agenda za 98 godisninata na Komorata - 19.02.2020.pdf]
Preview
Text
Rabotna agenda za 98 godisninata na Komorata - 19.02.2020.pdf

Download (430kB) | Preview

Abstract

Македонската економија во изминатиот период бележи значителен пораст на извозот што во најголема мера се должи на извозот од економските зони кои беа креирани како главна политика за привлекување на СДИ од страна на претходната Влада. Имено, во периодот 2006-2019 година извозот на стоки бележи просечна стапка на раст близу 11% (од 1.91 милјарди евра во 2006 година на 6.42 милјарди евра во 2019 година), додека извозот на услуги расте со просечна стапка од 15% (од 163 милиони евра во 2006 година на повеќе од 710 милиони евра во 2019 година). Истовремено, релативното учество на извозот на добра и услуги како процент од БДП бележи зголемување од 37.8% во 2006 година на повеќе 60% во 2019 година што претставува значителна позитивна тенденција. Овие перформанси на извозот во анализираниот период ја рангираат Македонија како земја со највисока стапка на раст на извозот после Србија во рамките на регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ).
Сепак, она што остана проблематично е фактот што ваквиот пораст на извозот, особено на извозот на стоки кој има доминантно учество во вкупниот извоз не придонесе за значителен раст на економијата. Имено, просечната стапка на економски раст во истиот период изнесува 2.9%, што укажува дека корелациската врска помеѓу извозот и растот на економијата е позитивна, но јачината на таа врска не е сигнификантна.
Објаснувањето на слабата корелациска поврзаност помеѓу извозот и растот на економијата што де факто го забавува растот на економија треба да се бара во: 1) релативно ниска извозна активност на домашните компании и 2) ниска додадена вредност т.е. висока “увозна компонента” на извозот на странските компании во ТИР зоните кој според најновите податоци веќе достигнува повеќе од 50% од вкупниот извоз на земјата.
За илустрација, вкупниот извоз од ТИРЗ зоните во првите 6 месеци од 2019 година изнсеува околу 1.4 милијарди евра, додека нето-извозот како додадена вредност е само 71 милиони евра (или околу 5%). Ако продолжи оваа динамика до крајот на годината, додадената вредност на извозот од ТИРЗ зоните мерена преку нето-извозот ќе биде околу 150 милиони евра. Нешто поголем е нето-извозот од ТИРЗ зоните во 2018 година и истиот изнесува околу 340 милиони евра или околу 14% од вкупниот извоз кој изнесува 2.4 милијарди евра. Главна причина за ниската домашна додадена вредност на извозот од ТИР зоните е мала интегрираност на домашните компании во ланецот на снабдување на странските компании како нивни добавувачи.
Од друга страна, клучни причини за ниската извозна активност на домашните компании се: 1) мал број на домашни извозни компании, 2) мал број на извозни производи кои доминантно се производи со ниска додадена вредност и степен на финализација, 3) мал број на пазари каде извезуваат домашните компании, и 4) домашните компании.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 11 May 2020 06:51
Last Modified: 11 May 2020 06:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24034

Actions (login required)

View Item View Item