Рехабилитација на спортски повреди со методи на Традиционална Кинеска медицина

Mitkov, Vlatko (2020) Рехабилитација на спортски повреди со методи на Традиционална Кинеска медицина. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of FINAL - VLATKO MITKOV - SPECIJALISTICKI TRUD.pdf]
Preview
Text
FINAL - VLATKO MITKOV - SPECIJALISTICKI TRUD.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Може би фаталниот недостаток на западната медицина е нејзината неспособност за ефективно лекување на повредите на меките ткива. Нејзини силни страни се оперативните зафати и лекарствата. Но при повредите на меките ткива, фармацевтските производи само го маскираат проблемот, а операцијата понекогаш може да причини повеќе штета, отколку корист. За среќа, Традиционалната Кинеска медицина (TCM) се справува успешно со повредите на меките ткива уште пред илјада години. Акупунктурата, со вметнување на тенки игли во акупунктурните точки на телото го забрзува процесот на ефективно лекување на овие повреди.
Целта на истражувањето е: да се определи ефектот од акупунктурата при лекување на повреди на меките ткива кај спортисти. Задачи на истражувањето: класификација на спортските повреди, класификација на повредите на меките ткива и, калсификација на видовите спорт кои што ги практикуваат спортистите со повреди на меките ткива. Методи на истражување: Истражувањето е сроведено во Центар за традиционална кинеска медицина и во Рекреативниот центар при УГД- Штип, во периодот од еден месец. Во истражувањето учествуваат 38 спортисти со повреди на меките ткива, кои што се разделени во две групи.
Ø Пациентите во контролната група се лекувани со конзервативен третман кој вклучува RICE протокол, физикална терапија и кинезитерапија. Ø Пациентите от Експерименталната група се лекувани со акупунктура на тендино-мускулните меридиани (TMM) и Jing-Well точки (12 точки на врвовите на прстите на рацете и на нозете). Резултати: Резултатите покажуваат дека многу симптоми се ублажуваат со стимулирање на една точка или комбинација от точки, вклучувајќи ги сите 12 Jing-Well точки. Методите за стимулирање вклучуваат акупунктура и моксибустија. Дискусија: Jing-Well точките се единствените акупунктурни точки, кои што се дел и од основниот меридиан и от тендино-мускулниот меридиан. Овие точки претставуваат првиот сет од пет-те Шу точки во близина на ноктите, и го образуваат почетокот на 12-те јин и јанг меридијани.
Заклучок: Лекувањето на тендино-мускулните меридиани (TMM) е едно от првите нешта, кои што треба да се земат во предвид при лекувањето на спортски повреди и болка. Активирањето на овие важни патишта може да биде од решавачко значење за ефективно лекување на пациенти со акутна траума или повторувачки стрес трауми.
Клучни зборови: меки ткива, контузии дисторзии, луксации, мускули, лигаменти, тетиви, акупунктура.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 27 Apr 2020 08:30
Last Modified: 27 Apr 2020 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24017

Actions (login required)

View Item View Item