Турунџула Каравлашки– автохтон епски јунак во народната песна од Струмица и Струмичко (Осврт кон книгата „Турунџула Каравлашки“ македонски епски народни песни од Струмица и Струмичко од Иван Котев, Струмица, 2018)

Vitanova-Ringaceva, Ana (2018) Турунџула Каравлашки– автохтон епски јунак во народната песна од Струмица и Струмичко (Осврт кон книгата „Турунџула Каравлашки“ македонски епски народни песни од Струмица и Струмичко од Иван Котев, Струмица, 2018). Турнџула Каравлашки - епски народни песни од Струмица и Струмичко собрани од Иван Котев. ISSN 978-608-66227-1-8

[thumbnail of IK-Turundzula-pages-1-3,5-14,101-102.pdf]
Preview
Text
IK-Turundzula-pages-1-3,5-14,101-102.pdf

Download (523kB) | Preview

Abstract

Егзистирајќи меѓу фактот и фикцијата, меѓу историските и псевдоисториските вистини, епскиот јунак секогаш бил во фокусот на научните истражувања. Епската народна поезија е единствениот документ кој сведочи за епскиот јунак Турунџула Каравлашки. Во епската песна, колективот ја раскажал својата приказна за јунакот извајан со најубави атрибути, за најсилниот и бестрашен закрилник кој ги заштитувал и чувал од секакво зло, од неправда и од непријателска рака.Името на фолклористот Иван Котев веќе со децении е синоним за страстен собирач на народното творештво од Струмица и од регионот, но и голем познавач на автохтоните белези на фолклорот од овој крај. Неговата објавена книжевна архива е богата, а необјавената крие немерливи богатства, кои допрва треба да блеснат. Објавувањето на книгата „Турунџула
Каравлашки“ македонски епски народни песни од Струмица и
Струмичко е подвиг кој требаше да се случи, за да станеме сведоци на моментот на расветлување на ликот на јунакот, за кој со децении истражува Котев.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 18 Mar 2020 08:59
Last Modified: 18 Mar 2020 08:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23925

Actions (login required)

View Item View Item