Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2019) Семантостилемата „рака“ во романот „Ана Каренина“ од Лав Николаевич Толстој (морфостилистички и семантостилистички третман на детаљот-рака). Актуальные проблемы стилистики (номер 5), Ежегодный международный научный журнал Факультет журналистики Московского государственного университета имени М. В. Ломоносова Москва 2019. ISSN 2312 9751
Lusi Karanikolova Cocorovska trud Zbornik Lomonosov.pdf
Download (1MB) | Preview
Abstract
Во оваа статија правиме обид за морфостилистички, односно семантостилистички третман на една од најфреквентните семантостилеми во романот „Ана Каренина“ од Лав Николаевч Толстој, детаљот-рака. Всушност, станува збор за интертекстуален пристап кон овој наративен ентитет, што ја доближува анализата до афинитетите на текст – лингвистиката.
Семантостилемата рака е показател на душевната состојба на Толстоевата насловна хероина. Но, за да се стигне до таа семантичка одредница, нашата анализа поминува низ неколку фази: најнапред изолација на семантостилемата-рака, потоа потенцирање на континуитетот што таа го покажува по однос на нејзината стабилна семантика (=приказ и показ на душевната состојба на Ана Каренина) низ севкупната маса на романот, како и укажување на значенските (=семантички) варијации на овој исклучително значаен детаљ во романот, во зависност од контекстот, но и надвор од него.
Семантостилемата рака се анализира и морфостилистички, така што се води сметка за афективната вредност на суфиксите и префиксите, но и за значењето и изразноста на детаљот-рака како збор.
Се испитува и специфичната тежина на оваа семантостилема како матафора.
Нашата цел е да се прикаже ефектноста и функционалноста на еден навидум мал, минијатурен наративен ентитет, кој обезбедува суштинско и трајно значење во обемната нарација на романот.
Клучни зборови: текст-лингвистика, дискурзивна стилистика, семантостилистика, морфостилистика, семантостилема – рака, детаљ – рака, метафора.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Lusi Karanikolova |
Date Deposited: | 10 Mar 2020 13:15 |
Last Modified: | 10 Mar 2020 13:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23908 |