Значењето на италијанските прости предлози FRA и TRA и нивните еквиваленти во македонскиот јазик

Markoska, Nadica (2019) Значењето на италијанските прости предлози FRA и TRA и нивните еквиваленти во македонскиот јазик. Зборник на трудови / ФИЛКО Четврта меѓународна научна конференција, 23-25 маj 2019, 1 (4). pp. 248-255. ISSN 978-608-244-698-1

[thumbnail of Значењето на италијанските прости предлози FRA и TRA и нивните еквиваленти во македонскиот јазик.pdf]
Preview
Text
Значењето на италијанските прости предлози FRA и TRA и нивните еквиваленти во македонскиот јазик.pdf

Download (269kB) | Preview

Abstract

Апстракт: Предлозите во италијанскиот јазик се едни од најтешките јазични категории за усвојување и тие најчесто им задаваат најголеми потешкотии на македонските слушатели кои го изучуваат италијанскиот јазик како странски јазик. Причина за тоа се големиот број синтаксичко-семантички функции кои ги изразува еден ист предлог, а исто така повеќе предлози можат да изразат една иста функција. Предмет на ова истражување е значењето на простите предлози fra и tra во италијанскиот јазик и нивните можни еквиваленти во македонскиот јазик. Значењето ќе го анализираме преку специфичниот однос кој го воспоставуваат овие предлози меѓу два елемента, како и врз основа на одделното значење на тие елементи. Целта е да ги пронајдеме сите еквивалентни предлошки конструкции во македонскиот јазик, како и сличностите и разликите меѓу италијанските предлошки конструкции и соодветните македонски преводни еквиваленти.
Клучни зборови: синтаксичко-семантички функции, прости предлози, значење, сличности, разлики.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Nadica Negrievska
Date Deposited: 24 Feb 2020 08:37
Last Modified: 24 Feb 2020 08:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23848

Actions (login required)

View Item View Item