Методи на рехабилитација на пациенти со анкилозирачки спондилоартритис

Timevska, Simona (2020) Методи на рехабилитација на пациенти со анкилозирачки спондилоартритис. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of СИМОНА-ТИМЕВСКА-КОРИГИРАН-СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ-ТРУД.pdf]
Preview
Text
СИМОНА-ТИМЕВСКА-КОРИГИРАН-СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ-ТРУД.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Анкилозирачкиот спондилоартритис (AS), познат и под називот болест на Бехтерев, е мултисистемска воспалителна ревматска болест која спаѓа во групата на серонегативни спондилоартритиси, кај која најчесто се зафатени сакроилијакалните зглобови и `рбетот, при што настануваат анкилозирачки и деструктивни промени.
Цел на истражувањето е да се одреди ефикасноста на физикалната медицина и кинезитерапијата при рехабилитацијата на пациенти со анкилозирачки спондилоартритис.
Во истражувањето се вклучени 13 пациенти со анкилозирачки спондилоартритис кои се лекуваат на одделението за Физикална терапија и рехабилитација при Клиничка болница – Штип. Кај сите пациенти се направени функционални тестови и мерења (ММТ, гониометрија) за одредување на подвижноста и функционалноста на `рбетниот столб и останатите зглобови, пред и после примена на програмата за рехабилитација. Мажите почесто се засегнати од оваа болест во споредба со жените. Главни симптоми на болеста се: замор, болка во `рбетот, болка и оток во зглобовите, утринска вкочанетост, стегање во градите и отежнато дишење.
Лекувањето се состои од примена на медикаменти, физикална медицина и кинезитерапија. Примената на кинезитерапија влијае врз функцијата на `рбетниот столб и функционалните способности кај пациентите, преку зголемување на индексот на сагитална подвижност на цервикалниот, торакалниот и особено на лумбланиот рбет, на индексот на дишење, подобрување на латерофлексијата во лево и десно, намалување на оддалеченоста прст-под, на тешкотиите во извршувањето на секојдневните активности на пациентите, како и намалување на активноста на болеста. Ваквите резултати се во согласност со резултатите од други истражувања во стручната литература за улогата и влијанието на кинезитерапијата во лекувањето на анкилозирачкиот спондилоартритис.
Клучни зборови: анкилозирачки спондилоартритис, функционалност на рбетот, функционални способности на пациентите, лекување, кинезитерапија

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 24 Feb 2020 08:36
Last Modified: 24 Feb 2020 08:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23846

Actions (login required)

View Item View Item