Trajcheva, Stefanija (2020) Правилното организациско однесување како фактор за подигнување на имиџот на организацијатa. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Stefanija Trajcheva-Magisterska.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Успехот на секоја организација зависи не само од менаџментот и менаџментот на човечките ресурси, туку и од организациското однесување на вработените во организацијата.
Организациското однесување се фокусира кон проучување на однесувањето на луѓето во организацијата и надвор од неа при нејзиното преставување, преку контактите со другите организации, клиентите (добавувачите и купувачите), медиумите, саемите, симпозиумите, презентациите итн., потоа, на проучување на основните фактори кои влијаат на организацијата и однесувањето и методите кои можат да се користат за да се влијае на однесувањето во организациите.
Целта на проучувањето на организационото однесување е правилно да се разбере, предвидува, обликува и влијае врз однесувањето на луѓето во организациjата и надвор од неа заради подигнување на нивото на организационите перформанси и задоволства на самите члeнови на организацијата.
Тоа што го прави убаво, а истовремено предизвикува поголема тежина при проучувањето нa организационото однесување, е што однесувањето на луѓето не секогаш е можно во потполност да се разбере, ни да се предвиди, а посебно да се контролира.
Со цел да се придонесе за поцелосно согледување на проблемот и воспоставување на хармонија во соработката, усовршување и оспособување на вработените, при изложувањето на материјата се дадени и образложени основните поими на организациското однесување, културата и климата и последиците од нивното непознавање.
Клучни зборови: организација, однесување, човечки ресурси, култура, лидер, мотивација, имиџ.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 24 Feb 2020 08:36 |
Last Modified: | 24 Feb 2020 08:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23845 |
Actions (login required)
View Item |