Micev, Stefan (2020) Улогата на менаџерот за унапредување на продажбата, со осврт на дрвната индустрија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Магистерска Стефан Мицев Лекторирана и средена пдф примерок -converted.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Живееме во мошне брзо и динамично време каде што за беспрекорно функционирање на една компанија се потребни добро обучен менаџер и менаџерски тим за да може компанијата да оствари профит и да се одржи на пазарот, како и да се носи чекор со чекор со конкуренцијата, па и да ја надмине.
Секојдневните зголемени обврски на менаџерите налагаат формирање менаџерски тимови за поефикасно и поефективно работење во компаниите, што не значи дека ќе биде поекономично. Најважно е да се зголеми профитот и да се унапреди продажбата, а со тоа да се стане лидер на пазарот.
Менаџерот претставува водач, организатор, координатор, мотиватор, одлучувач и супервизор во работењето на едно претпријатие со целокупните негови ресурси, па затоа менаџирањето е еден од најважните фактори во работењето на претпријатието и целокупниот бизнис.
Во ова брзо и динамично време во коешто живееме, менаџерите се свесни дека за унапредување на продажбата во нивните компании мошне важно е колку менаџерот знае, како и на кој начин ги употребува информациите што ги знае, колку брзо учи нешто ново и сл. Така, со овој труд ќе откриеме која е навистина улогата на менаџерот за унапредување на продажбата и како менаџерот функционира во практиката.
Главната цел на компаниите е максимизирањето на профитот, а главната улога ја има менаџерот во компаниите којшто е одговорен за унапредување на продажбата и унапредувањео на конкурентноста на компанијата на пазарот.
Клучни зборови: менаџер, претпријатие, продажба, унапредување на квалитетот на работењето.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 24 Feb 2020 08:35 |
Last Modified: | 24 Feb 2020 08:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23844 |
Actions (login required)
View Item |