Обезбедување достатен и соодветен ревизорски доказ како основа за ревизорско мислење

Nanova, Julija (2020) Обезбедување достатен и соодветен ревизорски доказ како основа за ревизорско мислење. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of JULIJA NANOVA - MAGISTERSKA.pdf]
Preview
Text
JULIJA NANOVA - MAGISTERSKA.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Ревизијата подразбира процес на систематско прибирање и оценка на докази во врска со финансиските извештаи на една компанија, со цел да се одреди степенот на кореспондентност меѓу финансиските извештаи на ентитетот и законски утврдените критериуми, со цел да се даде реална слика за компанијата на сите заинтересирани страни за работењето на истата. Тоа е логичен систематски процес кој дава известување за квалитетот на финансиските извештаи, преку претходно добро структуиран пристап, со прецизно дефинирани цели и тоа со цел одговорно да даде основа за одлуки на интерните и екстерните корисници. Станува збор за комплексна функција која бара време и напор од страна на ревизорот во сите фази од испитувањето на финансиските извештаи.
Ревизорот сноси одговорност пред корисниците при дефинирањето на неговото мислење, па затоа од него се бара реално толкување и оценување на финансиските извештаи - а со тоа давање оценка и рејтинг на компанијата чии финансиски извештаи се предмет на анализа. Тој треба да одговори дали ревидираните информации се во согласност со воспоставените критериуми. На тој начин, спречува измами, прекривање, избегнување и заобиколување на законските обврски. За да може да одговори на ова барање, потребно е да собере доволно во квантитет и квалитет ревизорски докази, кои што ќе го поткрепуваат неговото мислење.
Во процесот на ревизијата вклучено е собирање и оценка на доказите, а доказот е каква било информација која ја добива ревизорот преку соодветните методи кои ги користи при истражувањето од негова страна. Тоа е всушност и најкритичниот дел од сите последователни фази во процесот на ревизијата. Без оглед на тоа во каква форма ќе се добијат доказите, тие треба да имат доверлива моќ, односно да придонесат за успешно оценување на точноста на финансиските извештаи.
Клучни зборови: достатен и содветен ревизорски доказ, финансиски извештаи, мислење, методи, техники.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 14 Feb 2020 11:07
Last Modified: 14 Feb 2020 11:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23813

Actions (login required)

View Item View Item