Основи на менаџмент

Serafimova, Mimoza (2019) Основи на менаџмент. Универзитет Гоце Делчев, Штип. Р Македонија. ISBN 978-608-244-694-3

[thumbnail of Основи на менаџмент.pdf]
Preview
Text
Основи на менаџмент.pdf

Download (531kB) | Preview

Abstract

Предговор
Менаџментот е стар колку и човечкиот род и познато е дека свесно е практикуван од тогаш па наваму. Современиците истакнуваат дека менаџментот е генеричка функција на сите организации и генерички орган на општеството на знаење. Токму таа негова вредност иницирала потреба денес менаџментот да се предава како предмет на сите универзитети кои ги едуцираат студентите за организациско работење. Според својата содржина и структура, учебникот „Основи на менаџмент“ ги опфаќа најважните принципи, процеси и концепти кои се во основата на современиот менаџмент како наука, практика, уметност и вештина. Учебникот се состои од пет дела:
Првиот дел е со воведен карактер, проследен со глава I, која се занимава со еволуцијата на менаџментот како практика и наука, со посебен акцент на разни пристапи и училишта за управување во дваесеттиот век и глава II, која ги содржи основните карактеристики на менаџментот како процес и менаџерите како реализатори на тој процес - основа за правилно разбирање на процесот и функциите на менаџментот и оние кои го практикуваат и спроведуваат, со осврт на сопственоста и опкружувањето како фактори на исклучително важно влијание врз процесот.
Вториот дел ги содржи: глава III - Основи на планирањето, во која на планирањето се приоѓа како кон процес кој има дефинирани цели и се потребни соодветни стратегии за негово реализирање и глава IV - Одлучување, во која се осврнуваме на видовите и стиловите на овој процес, како и на процесот на донесување решенија и нивна евалуација.
Третиот дел ги опфаќа прашањата за организација - глава V, и Управувањето со човечки ресурси - глава VI. На организацијата и пристапуваме од аспект на нејзиното дизајнирање, нејзините модели, но и на авторитетот и моќта и распонот на нивна контрола. Човечките ресурси се третираат од аспект на нивна регрутација, селекција и социјализација, потоа нивниот развој, евалуација на нивниот резултат, но и надоместоците и мотивацијата на истите.
Четвртиот дел се однесува на основните прашања на лидерската функција: Комуникација - глава VII, Мотивација - глава VIII, Управување со групи - глава IX и Лидерство - глава X. Комуникацијата се разгледува од аспект на многу значаен организациски процес кој е причина за успешниот или неуспешниот тек на информации во секоја организација. Теоретскиот пристап кон мотивацијата придонесува за нејзино разбирање како двигател на ефикасноста на сите процеси, кој во различно ниво на развој на мислата за менаџмент имал различни пристапи. Организациските групи и тимови се носители на ефективноста на работниот резултат и нивните видови, карактеристики, конфликти и нивно разрешување, се аспекти кои ќе им помогнат на студентите правилно да ги разберат за да бидат дел од нив. Лидерството и лидерите се алките на текот на бизнис процесите кои го поврзуваат ефективното и ефикасното. Даден е краток преглед на нивните пристапи и развој, а акцентот е ставен на современите теории.
Петтиот дел, глава XI ги прикажува основните на Контролирањето како раководна функција, стиловите на контролирање, како дефинирањето стандарди, мерењето, споредувањето и преземањето корективни акции за неправилно реализирање на процесот.
На почетокот на секое поглавје, дадена е основната содржина и она што е потребно да го научат во тоа поглавје. На крајот на секое поглавје, понудени се прашања за дискусија и проверка на учењето. Овие прашања ќе им помогнат на студентите да се подготвуваат за организациските проблеми и да донесуваат поефективни и поефикасни одлуки.
Авторот се заблагодарува на рецензентите за поддршката и стимулациите, но и за конструктивни забелешки за создавање на овој учебник.
Авторот се заблагодарува и на сите оние кои во иднина, ќе даваат коментари, предлози и предлози да го направат следното издание уште подобро.
Авторот

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 11 Feb 2020 09:03
Last Modified: 11 Feb 2020 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23791

Actions (login required)

View Item View Item