Miloseva, Lence (2019) Когнитивно-бихејвиоралните психотерапии во третманот на пострауматското стресно растројство. In: Докторска школа, 17.12.2019, Факултет за медицински науки, Универзитет„Гоце Делчев“, Штип. (Unpublished)
Preview |
Text
Apstrakt za doktorska rabotilnica Nevronauki.pdf Download (93kB) | Preview |
Abstract
Работилницата е од областа на когнитивните невронауки и когнитивно бихејвиоралните психотерапии, наменета за докторанди на Невронауки кои се заинтересирани за научни истражувања од овие области. Добредојдени се и докторанди од другите студиски програми на Факултетот за медицински науки.
Основната цел е запознавање со научни истражувања и методологија на истражување на психолошките трауми и промените кои настануваат во мозокот како резултат на делувањето на психотерапијата, па со право КБТ психотерапиите, независно дали се од првиот, вториот или најсовремените од третиот бран на КБТ терапии, веќе се вбројуваат не само во психолошки, туку и во биолошки терапии. Наодите ќе бидат поткрепени со презентирани емпириски докази.
Исто така, работилницата има и апликативен дел и учесниците ќе имаат можност да се запознаат и со студија на случај и да проследат како изгледа третманот на клиент со пострауматско стресно растројство со примена на Рационално-емотивна и когнитивно бихејвиорална терапија, како една од познатите когнитивно бихејвиорални психотерапии во светот.
Работилницата е поддржана од УГД научно истражувачкиот проект
„Рационално-емотивнa бихејвиорална терапија и природата и структурата на пострауматското стресно растројство“, раководител: проф. д-р Ленче Милошева
Item Type: | Conference or Workshop Item (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Lence Miloseva |
Date Deposited: | 10 Feb 2020 11:46 |
Last Modified: | 10 Feb 2020 11:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23768 |
Actions (login required)
View Item |