Невронауки и мајндфулнес

Miloseva, Lence (2019) Невронауки и мајндфулнес. In: Втор Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia.

[thumbnail of ABSTRACT rabotilnica Nevronauki i majndfulnes.pdf]
Preview
Text
ABSTRACT rabotilnica Nevronauki i majndfulnes.pdf

Download (438kB) | Preview
[thumbnail of ImageMagick conversion from image to application/pdf]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Programa rabotilnica.pdf

Download (102kB) | Preview
[thumbnail of Majndfulnes Miloseva - ppt.pdf]
Preview
Text
Majndfulnes Miloseva - ppt.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of ImageMagick conversion from image to application/pdf]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Nevronauki i majndfulnes.pdf

Download (104kB) | Preview

Abstract

Работилницата е од областа на когнитивните невронауки и мајндфулнес базирани когнитивни психотерапии, наменета за докторанди на Невронауки и студентите од општа медицина, кои се заинтересирани за научни истражувања од овие области. Добредојдени се и студенти од другите студиски програми на Факултетот за медицински науки.
Основната цел е запознавање со научни истражувања и методологија на истражување за промените кои настануваат во мозокот како резултат на делувањето на психотерапијата, па со право КБТ психотерапиите, независно дали се од првиот, вториот или најсовремените од третиот бран на КБТ терапии, веќе се вбројуваат не само во психолошки, туку и во биолошки терапии. Наодите ќе бидат поткрепени со презентирани емпириски докази. Исто така, работилницата има и апликативен дел и учесниците ќе имаат можност да се запознаат и со познатиот 8 неделен програм на мајндфулнес за редуцирање на депресивноста и емоционален дистрес, едитиран од Jon Kabat-Zin.
Програмот кој подоцна учесниците можат да го вежбаат во тек на 8 недели вклучува 8 главни подтеми:
1 недела: „Повеќе од автоматски пилот“
2 недела: „Друг начин на дојдеш до знаење“
3 недела: „Враќање дома во сегашноста“
4 недела: „Препознавање на аверзијата “
5 недела: „Дозволување нештата да бидат како што се“
6 недела: „Гледање на мислите како мисли“
7 недела: „Љубезност во акција“
8 недела „ Што сега?“

Клучни зборови: невронауки; научни истражувања; мајндфулнес; КБТ терапии; депресија; емоционален дистрес.

Item Type: Conference or Workshop Item (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Lence Miloseva
Date Deposited: 10 Feb 2020 11:23
Last Modified: 11 Feb 2020 12:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23766

Actions (login required)

View Item View Item