Влијанието на едукацијата за претприемачи врз бизнисот и претприемништвото во Македонија

Serafimova, Mimoza and Stojceska Gjorgioska, Mirjana (2019) Влијанието на едукацијата за претприемачи врз бизнисот и претприемништвото во Македонија. In: Влијанието на едукацијата за претприемачи врз бизнисот и претприемништвото во Македонија. 2ri Avgust - Stip. ISBN 978-608-4879-24-4

[thumbnail of Влијанието на едукацијата за претприемачи врз бизнисот и претприемништвтото во Македонија.pdf]
Preview
Text
Влијанието на едукацијата за претприемачи врз бизнисот и претприемништвтото во Македонија.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Предговор
Ракописот е резултат на повеќегодишна продлабочена анализа на авторите во областа на постојната состојба и развојот на бизнисот и претприемништвото во Македонија, од една страна, и споредбена анализа на состојбата со повеќе држави од регионот и пошироко, од друга страна. Поединечни делови од книгава, биле тема на дискусија на конференции и биле објавени во индексирани журнали. Основната цел на книгава е да даде реална слика (за состојбата во Македонија) на сите заинтересирани за нејзината бизнис-клима и да ги охрабри претприемачките потфати на постојните деловни субјекти или на оние што сакаат да станат тоа, но и да ја прикаже сериозноста на пристапот на државата кон ова прашање. Република Македонија внесува промени во формалниот едукативен систем, гледајќи ги идните генерации како промотори и двигатели на идниот стопански и економски развој на земјата.
Концизното и експлицитното презентирање на проблематиката од оваа област, на овој материјал му дава голема можност за негово пошироко користење.
Првата глава - Претприемништвото како бизнис процес, откако кратко ги споменува дефинициите и мислите на поимот претприемништво, се навраќа на него како на бизнис-процес прикажувајќи го во фазите на развој и нивно валидирање.
Втората глава - Глобални претприемачки перцепции во Македонија и во земјите од окружувањето, нуди анализа на истражувачки податоци за состојбата и нивото на претприемачките перцепции во Македонија и во некои земји од регионот.
Третата глава - Можности и способности за започнување бизнис во Република Македонија, ги елаборира намерите и активностите за започнување сопствен бизнис во Македонија, согледано со некои земји. Воедно нуди споредбена компарација со податоци кои ги поддржуваат изнесените ставови.
Четвртата глава - Образованието за претприемништвото како поддршка при започнување бизнис, од една страна, го разгледува формалното образование и неговиот фокус кон едукативниот пристап на претприемништвото како процес, но индивидуалните истражувања на авторите го поддржуваат фактот дека е недоволна соработката на окружувањето и неговите претставници во насока на нудење и користење податоци за развој на потребни струки и професии кои би имале олеснет пристап при отворање на бизниси кои би биле компатибилни на потребите на окружувањето. Од друга страна, фокусот е и на неформалното образование и обука кое станува насушна потреба за индивидуален раст на поединецот како дел од на интрапретприемништвото или претприемништвото како комплексни процеси. Елаборирани се статистички податоци кои даваат силна слика за постојната состојба во Македонија и во некои други земји.
Петтата глава - Мерење на способностите и знаењата за започнување бизнис, накусо дава приказ за реалната состојба гледана низ призмата на податоците.
Шестата глава – Претприемништвото – предуслов за општествен развој - има за цел да разјасни некои основни аспекти на претприемачкото образование, фокусирајќи се на тоа што е, и зошто е релевантно за општеството, да ја објасни врската помеѓу претприемачкото образование и можностите за вработување.
Искрено се надеваме дека оваа книга ќе им биде од помош на сите оние што се интересираат за претприемништвото и влијанието на едукацијата за претприемништво врз економскиот развој на Република Македонија, и нејзиното компарирање со земјите во регионот.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 10 Feb 2020 11:17
Last Modified: 10 Feb 2020 11:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23762

Actions (login required)

View Item View Item