Клиничка фармакологија (практикум)

Balkanov, Trajan and Darkovska-Serafimovska, Marija and Arsova Sarafinovska, Zorica (2019) Клиничка фармакологија (практикум). ISBN 978-608-244-666-0.

[thumbnail of Praktikum Klinicka farmakologija .pdf]
Preview
Text
Praktikum Klinicka farmakologija .pdf

Download (351kB) | Preview

Abstract

Овој практикум со наслов „Клиничка фармакологија“ е наменет првенствено за студентите на студиските програми по Фармација и по Општа медицина кои го слушаат предметот Клиничка фармакологија на Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Содржината е поделена на дванаесет вежби и претставена првенствено преку примери и прикази на клинички случаи кои ќе овозможат интерактивно усвојување на предвидените тематски содржини. Во текот на вежбите студентите ќе се запознаат со процесот на идентификација, решавање и превенција на проблемите поврзани со терапијата со лекови. По успешно совладување на материјалот студентите ќе можат да направат проценка на потребите на пациентот поврзани со употребата на лекови, подготовка на план за лекување на пациентот според направената проценка и евалуација дали се постигнати очекуваните цели од лекувањето на пациентот.
Овој практикум ќе им овозможи на студентите да ги прошират своите знаења за интеракциите на лекови и несакани дејства на лековите, да ги препознаваат лековите со висок потенцијал за појава на интеракции, како и групите пациенти со зголемен ризик за интеракции на лекови.
Посебно поглавје во ова учебно помагало е посветено на интерпретација на лабораториските резултати, неопходно за успешно функционирање на клиничките фармацевти. Исто така, во текстот се претставени и клинички случаи на пациенти со нарушена функција на работата на бубрег.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Darkovska-Serafimovska
Date Deposited: 04 Feb 2020 13:28
Last Modified: 04 Feb 2020 13:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23716

Actions (login required)

View Item View Item