Компаративна анализа на социоекономски фактори, индекс на телесна маса и микробиолошки маркери и нивниот дијагностички потенцијал за кариес кај деца со млечни заби

Naskova, Sanja (2019) Компаративна анализа на социоекономски фактори, индекс на телесна маса и микробиолошки маркери и нивниот дијагностички потенцијал за кариес кај деца со млечни заби. In: 4th International Scientific Conference of the Faculty of Medical Sciences, University of Tetova. (Submitted)

[thumbnail of FSHM-programa Tetovo.pdf]
Preview
Text
FSHM-programa Tetovo.pdf

Download (3MB) | Preview
[thumbnail of SSSSanja Nashkova-prezentacija-Tetovo.pdf]
Preview
Text
SSSSanja Nashkova-prezentacija-Tetovo.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Забниот кариес е динамичен процес кој се случува во средина на микробиолошки депозит (дентален плак) и нарушување на рамнотежата меѓу забните ткива и плунката што резултира со загуба на минерални соли од површината на забот. Моделите за кариес варираат од најсимплифицирани (еден ризик-фактор), до многу сложени мултифакторијални модели, (клинички параметри и ризик фактори од плунката , бактериски потенцијал и сл.) Денес, се поприфатлив е современиот концепт, кој ја подржува хипотезата дека забниот кариес се јавува како резултат на интеракција помеѓу генетски и еколошки фактори, во која социјалните, биолошки, психолошки и факторите на однесувањето се изразени во времен интерактивен комплекс. Она што не мотивира за истражувањето беше обезбедување податоци за влијанието на надворешни фактори и дел на бактериски и небактериски компоненти во плунката и нивната партиципација на појавата на денталниот кариес на млечни заби. Испитувањата ги насочивме кон следниве компоненти: да ја утврдиме социо-економската состојба кај испитаниците ; да го утврдиме степенот на телесната маса кај испитаниците ; да ги идентификуваме бактериите Lactobacillus, Streptococcus mutans Streptococcus salivarius, Streptococcus mitis и S. sobrinus во плунката; да направиме анализа и синтеза за меѓузависноста на денталниот статус и степенот на активност на денталниот кариес од млечна дентиција. Клинички испитувања
1.Индекс на забниот кариес( Klein-Palmer DMF index ,1968 )
1.1.Клиничка проценка на денталното здравје
- за млечните заби вкупниот кеп и неговите компоненти по заби и по површини.
1.2.Проценката на интензитетот на кариес ризик
- за млечната дентиција беше
а) ≤ 3- низок кариес ризик
б) 4-6- умерен кариес ризик
в) ≥ 7- висок кариес ризик
Прегледите беа направени во согласност со базичните критериуми за проценка на орално и дентално здравје и потребите за санација, кои ги препорачува СЗО (WHO ORAL HELTH ASSESSMENT FORM , 2001
За сите споменaти параметри кои ги проучивме важи дека клинички релевантна проценка на индивидуалната кариес активност не може да биде базирана само на еден од наведените параметри ниту чувствителноста или специфичноста на тестирањата можат да ја постигнат потребната селективност. Секако дека колку повеќе компоненти се земат во предвид, толку е поголема можноста за точната проценка на индивидуалниот кариес ризик заради што и се одлучивме да ги вклучиме во нашите истражувања.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 04 Feb 2020 12:46
Last Modified: 04 Feb 2020 12:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23711

Actions (login required)

View Item View Item