Naskova, Sanja (2019) Кариес во раното детство кај испитаници од предучилишни установи. In: 8-ми научен симпозиум: ,,Мултидисциплинарен пристап во стоматолошката практика”. (Submitted)
Preview |
Text
Sanja Nashkova-8 mi naucen simpozium.pdf Download (2MB) | Preview |
Preview |
Text
Осми симпозиум.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Кај децата многу често се јавува најтешката форма на кариес на млечните заби наречен циркуларен кариес или популарни синдром на бебињата – детското шишенце или кариес на раното детство (КРД). Потттикнати од сознанието за големата преваленција на КРД кај децата, нашите цели ги насочивме кон: детерминирање на влијанието на професијата на таткото, мајката и КРД; образовното ниво на родителите и КРД; детерминирање на висот на КРД; Истражувањето e изведено кај 979 деца од предучилишните установи во градот Штип, кај деца од семејства со различен социо-економски статус. Социјално диететските услови ги нотиравме во специјално подготвени прашалници. Дијагностицирањето на КРД е со примена на Drury-критериуми модифицирани спрема Wyne, a врз основа на зафатеноста на површината на забите од следниве типови: Тип 1 - почетен облик (“бела дамка”) - опфаќа почетни кариозни промени во емајлот без нарушување на површинската структура на горните млечни инцизиви и канини (БД), Тип 2 - умерен облик - опфаќа кариозни лезии најмногу на два млечни заби или две површини на еден или повеќе заби од фронталната регија на горната вилица.Тип 3 - среден облик - опфаќа кариозни лезии на два млечни заби или повеќе од две забни површини на еден или повеќе заби од фронталната регија на горната вилица; Тип 4 - тежок облик- опфаќа најмногу два гангренозни корени од фронталната регија на горната вилица; Тип 5 - тежок облик со компликации – опфаќа три или повеќе гангренозни корени и фистули, односно оток во пределот на апексот на гангренозни корени на забите. Резултатите укажаа дека социо-економските услови, кои се однесуваат на образовното ниво на родителите и нивната условеност на КРД укажува дека разликите на вредностите помеѓу испитаниците без кариес и со dmft и кај образовното ниво на татковците и на мајките укажува на висока статистичка значајност (r<0.0001);што се однесува за резултатите за професијата на таткото и КРД, разликите помеѓу испитаниците без кариес и со dmft укажаа на постоење статистичка значајност (r<0.01): Услови во кои живеат испитаниците и нивниот кариес статус, разликите на вредностите помеѓу испитаниците без кариес и со dmft укажаа на постоење статистичка значајност (r<0.01 ) кога се однесува и за бројот на браќа и сестри за условите во станот во кој живеат. Статистички постоеше значајна разлика (r<0.01) помеѓу децата без и со кеп и со КРД во однос земањето на зашеќерени пијалоци; статистички постоеше многу значајна разлика (r<0.001) помеѓу децата без и со кеп и со КРД во однос земањето слатки. Според клиничките форми на КРД
во зависност од возраста на децата при што со почетна форма на КРД на возраст од 2 години беа 75,6 % од децата, со умерена 24,4%; со почетна форма на КРД на возраст од 3 години беа 48,6 % од децата, со умерена 25,1 %; со средна 13,7%, со тешка форма со компликации 21,2% од децата; на возраст од 5 години со почетна форма на КРД биле 18,9 % од децата, со умерена 24,3%. Заклучок Можеме да заклучиме дека во комплексната интеракција на предиспонирачки фактори на социјалната средина како што се социо-економскиот статус, здравствената едукација, градската и животната средина значајно влијаат на преваленцијата на кариесот и тежината на КРД кај малите деца и децата од предучилишната возраст во нашата средина.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sanja Naskova |
Date Deposited: | 04 Feb 2020 12:45 |
Last Modified: | 04 Feb 2020 12:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23708 |
Actions (login required)
View Item |