Lazarov, Darko and Paceskoski, Vlatko (2019) Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентираните МСП. [Project] (Unpublished)
Preview |
Text
Извештај проект Лазаров и Пачешковски.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Една од главните цели на проектот е зголемување на извозната активност на група селектирани МСП во рамките на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор како исклучително значајни сектори за македонската економија. Имено, зголемувањето на извозната активност може да се оствари преку зголемување на бројот на производи што претпријатијата во овие сектори ги произведуваат и извезуваат со компаративни предности или преку градење на компаративна предност за извоз на оние постоечки производи кои претпријатијата веќе ги произведуваат и продаваат на домашниот пазар.
За таа цел, во првиот дел од проектот беше направена детална анализа на извозните перформанси на овие сектори со анализа на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат извозните компании. За остварување на таа цел, беше спроведено анкетно истражување базирано на структурен прашалник кој електронски беше доставен до повеќе од 100 компании. Врз база на резултатите од анкетното истражување, заклучокот е во насока дека државата преку соодветни мерки и инструменти треба да работи на градење конкурерентски предности со цел зголемување на извозната активност на компании во овие сектори.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Darko Lazarov |
Date Deposited: | 03 Feb 2020 11:58 |
Last Modified: | 03 Feb 2020 11:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23672 |
Actions (login required)
View Item |