Denkova, Jadranka (2015) Управување со човечките ресурси во администрацијата - практикум. ISBN 978-608-244-228-0.
Preview |
Text
KONECNO UREDEN PRAKTIKUM-1-8.pdf Download (891kB) | Preview |
Abstract
Главната улога на модерната држава во демократска и пазарно ориентирана економија е да промовира фер и еднакви услови и стандарди како основа во секојдневното живеење. Првата улога на државата во сферата на вработувањето е да ги регулира основните односи меѓу работодавецот и вработениот. Државата мора да постави минимални стандарди за да обезбеди фер работни услови за јавната администрација, но да ги дефинира и минималните права на двете страни во работниот однос. Државата исто така, има улога на работодавец. Во оваа улога, државата е одговорна да обезбеди ефикасна, професионална и непристрасна јавна администрација. Во тесна врска со нејзината улога на работодавец, државата, исто така, има уставна одговорност да ја води јавната администрација во согласност со принципите што се составен дел на уставното и административното право. Уште повеќе, државата треба да обезбеди функционирањето на јавната администрација да биде во согласност со основните правни принципи. Современите концепти на јавната администрација бараат поим на хиерархиско делегирање на државната власт на поединците кои работат во јавниот систем. Во овој Практикум објаснети се најзначајните прашања што се поврзани со менаџирањето со човечките ресурси со јавната администрација. Имајќи го во предвид фактот дека менаџментот на човечки ресурси е интередисциплинарна наука, која обединува збир на знаења поврзани со луѓето во организацијата, неопходно е и на практичен начин да се прикаже оваа сложена активност. Притоа, за да можат студентите на лесен и пристапен начин да ги осознаат правилата за менаџирање со човечки ресурси во Практикумот се прикажани вежби, формулари, правилници, упатства и други акти поврзани со менаџирањето на човечките ресурси во јавната администрација во РМ. Во Практикумот, акцентот е ставен на сите активности во организацијата поврзани со успешно менаџирање со човечките ресурси во организацијата. Тука е опфатена стратегијата на човечките ресурси, начините на регрутирање на кандидати , селектирање и одбирање на соодветни кандидати што одговараат на потребите на организацијата, наградувањето и развој на кариера, обучувањето и унапредувањето на знаењето, оценувањето, контролирањето на работењето етиката и комуникацијата во организацијата. Исто така, тука е опфатена и дисциплинската и материјалната одговорност на вработените. Човечките ресурси се најзначаен дел во организацијата затоа што токму тие ги поврзуваат организираат, координираат и управуваат сите ресурси во истата за да може организацијата да ги постигне очекуваните резултати. Сигурно дека вработени во производни организации или услужни организации овозможуваат сите средства во организациите да бидат максимално искористени за да може да се постигнат и најдобрите ефекти од работењето. Ефикасното користење на човечките ресурси во организацијата може да предизвика различна пазарна вредност од една до друга организација. Човечкиот капитал не го сочинуваат само луѓето во организацијата туку и од она што овие луѓе придонесуваат за успехот на организацијата. Човечкиот капитал е колективна вредност на способностите, знаењата, вештините, животните искуства и мотивацијата на работната сила на организацијата. Покрај тоа, во Практикумот е објаснета улогата и значењето на организационата единица човечки ресурси воопшто, како и развојот и применливоста на оваа организациона единица во управувањето со администрацијата во РМ.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jadranka Denkova |
Date Deposited: | 31 Jan 2020 09:50 |
Last Modified: | 31 Jan 2020 09:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23634 |
Actions (login required)
View Item |