Angelovska, Bistra and Drakalska, Elena and Miceva, Dijana (2019) Предизвиците на фармацевтската пракса и професија. Farmacevtski informator (54). pp. 54-61. ISSN 1409-8784
Preview |
Text
Предизвиците на фармацевтската пракса и професија.pdf Download (561kB) | Preview |
Abstract
Фармацевтскиот проект на Европската Унија има за цел да се постигне популаризација на фармацевтската професија во општеството истовремено подобрувaјќи ја фармацевтската пракса, се со цел да се да се задоволат потребите на пациентите и да одговорат на сé поголемите предизвици во здравството. Европските власти пак бараат начини за да се постигне Оптимизација на употребата на лековите а со тоа да се придонесе за подобрување на ефективноста на фармакотерапијата и намалување на вкупните трошоци за здравство. Знаењата и вештините на европските фармацевти можат да го осигураат постигнувањето на овие цели.
Фармацијата датира уште многу одамна и со текот на годините самата професија подлежи на еволуција, со што во минатото се сметало дека Фармацевтот претставува здравствен работник кој е подостапен од лекарот, експерт за лекови чија експертиза има клучно влијание на исходот од терапијата и во Во 20-тиот век се сметало дека повеќе е давател на производи отколку на професионални услуги.
На овие простори сеуште аптекарската услуга се плаќа како провизија (маржа) од цената на лекот, а фармацевтите не добиваат надокнада за нивната експертиза.
Самата професија се смета како средство за контрола на здравствените трошоци заради високите трошоци за здравствена заштита и поголемата сложеност на производите, како и можноста за интеракција на лековите и инцидентите при погрешно пропишување и други фактори.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bistra Angelovska |
Date Deposited: | 30 Jan 2020 12:35 |
Last Modified: | 30 Jan 2020 12:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23610 |
Actions (login required)
View Item |