Nikolovska, Violeta (2019) Функционалните особености на лексемата камо. Makedonski jazik (70). pp. 77-90. ISSN 0025-1089
Preview |
Text
Македонски јазик 2019 со УДК (1).pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Предмет на интерес на овој труд ќе биде лексемата камо. Лексемата камо некаде е дефинирана како прилог, некаде како партикула, има заменско потекло. Во трудот ќе се обидеме да дадеме нејзина морфолошка определба, да се осврнеме на нејзината етимологија и на нејзината функција во исказот. Лексемата камо ја разгледуваме од два аспекти: комуникативен (прагматички) и семантички. Од комуникативен аспект, ја определуваме како прагматички маркер, врз кого лежи комуникативниот фокус на соопштението, а од семантички аспект ги разгледуваме синтаксичките комструкции во кои се јавува и значењата кои во тие конструкции ги изразува. Лексемата камо е полифункционална (како што се повеќето прагматички маркери) и се употребува со различни степени на семантичка сложеност. Во трудот ќе се осврнеме и на употребата на турцизмот ќешки, со оглед на тоа што овие две лексеми се употребуваат во блиски позиции.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Violeta Nikolovska |
Date Deposited: | 29 Jan 2020 10:40 |
Last Modified: | 29 Jan 2020 10:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23572 |
Actions (login required)
View Item |