Angelovska, Bistra (2019) Ставови и знаења на пациентите поврзани со употреба на антибиотици. In: Рационална употреба на антибиотици низ призмата на Едно здравје: примена, предизвици и можности, 18 Nov 2019, Skopje, Macedonia. (Unpublished)
Preview |
Text
Ставови и знаења на пациентите поврзани со употреба.pdf Download (602kB) | Preview |
Preview |
Text
ПРОГРАМА 1.pdf Download (465kB) | Preview |
Abstract
Антимикробната резистенција ја загрозува ефикасната превенција и третман на сé поголем број на инфекции предизвикани од бактерии, паразити, вируси и габички. Гледана како глобална закана за јавното здравје, за спречување/намалување на оваа појава е неопходна акција од сите учесници во системот и од општеството во целина.
Развојот на антимикробната резистенција е природен феномен. Сепак, одредени човечки постапки ја забрзуваат нејзината појава и ширење. Несоодветната употреба на антимикробните лекови кај луѓето и животните ја зголемува појавата на селекција на резистентните соеви, а лошата превенција на инфекциите и несоодветната контрола допринесуваат за понатамошна појава и ширење на антимикробната резистенција.
Како комплексен и глобален проблем, зависи од голем број на меѓусебно поврзани фактори. Заради тоа, поединечните и изолирани интервенции имаат слаб успех. Неопходна е координирана акција со цел да се минимизира појавата и ширењето на антимикробната резистенција. (СЗО, док.19)
Во тој смисол, организирањето и реализацијата на мултисекторски едукативни семинари, на кој имам чест активно да учествивам денес, ќе придонесе во глобалната борба против антимикробната резистенција.
Фармацевтите се значајна алка во ланецот на здравствени работници, и со својата особена позиција на најдостапен здравствен работник и експерт за лекови, претставуваат значаен фактор при следењето на употребата на антибиотиците, обезбедувањето на релевантни информации за нивна рационална употреба, подобрување на познавањата на пациентите и менување на нивниот однос и ставови за антибиотиците.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bistra Angelovska |
Date Deposited: | 30 Jan 2020 12:30 |
Last Modified: | 30 Jan 2020 12:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23558 |
Actions (login required)
View Item |