Зборообразувачки процеси кај глаголите изведени од сопствени имиња во германскиот јазик

Pavlova, Irena and Ivanovska, Biljana (2018) Зборообразувачки процеси кај глаголите изведени од сопствени имиња во германскиот јазик. In: Трета меѓународна научна конференција ФИЛКО, Stip, Macedonia.

[thumbnail of document-2.pdf]
Preview
Text
document-2.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Во овој труд се прави приказ на зборообразувачките процеси кај глаголите во германскиот јазик, пред сė, оние изведени од сопствени имиња (лични имиња, презимиња, прекари, псевдоними, фамилијарни, племенски, етнички и географски имиња). Се прави обид да се побие мислењето дека глаголите изведени од сопствените имиња се многу ретки. Објаснувањата ги поткрепуваме со примери од типот: Charles C. Boycott (boykottieren/бојкотира), Christian J. Doppler (основоположникот на доплер сонографијата, dopplern/доплер), Gregor Mendel (mendeln или ausmendeln / закони за наследни белези), Charles D. Dotter (dotter/синоним за ангиопластика) и др. Како корпус се користат германски потврди од дневни и неделни весници и списанија кои беа најдени во германскиот јазичен корпус на Институтот за германски јазик во Манхајм. Целта е да се покаже дека глаголската форма од презимето „Röntgen“ (Рентген) не е единствен пример за овој вид на зборообразувачки процес во германскиот јазик (röntgen). Се наведуваат примери на германски глаголи кои се етаблирани во јазичниот систем, а кои се изведени со експлицитна деривација, со конверзија или со внатрешна зборовна промена на сопствените имиња. Се опишуваат глаголите, како: stoibern, brahmsen, thomasmannen, wagnern кои изразуваат дека личноста се однесува, изгледа, зборува, пишува и/или мисли како одредената/именуваната личност изразена преку овој глагол. Идејата е да се покаже дека глаголите изведени од сопствените имиња се чести и општо прифатени во германскиот јазичен систем.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 28 Jan 2020 13:57
Last Modified: 28 Jan 2020 13:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23550

Actions (login required)

View Item View Item