Cabuleva, Kostadinka and Miteva-Kacarski, Emilija (2019) Анализа на процесот на регионализација на Република Северна Македонија. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 35.5. pp. 1613-1618. ISSN 2545-4439
Preview |
Text
АНАЛИЗА НА ПРОЦЕСОТ НА РЕГИОНАЛИЗАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.pdf Download (801kB) | Preview |
Abstract
Според Светската трговска организација, регионалните трговски договори се сите оние реципрочни трговски договори помеѓу два или повеќе партнери, што не мора да припаѓаат на истиот регион. Заклучно со јуни 2016 година, сите земји членки на СТО имаат потпишано регионални трговски договори, кои се стапени на сила. Постојат различни ставови за ефектите на регионалните трговски договори врз либерализацијата на глобалната трговија. Иако, регионалните трговски договори се дизајнирани да им користат на земјите потписнички, очекуваните придобивки може да бидат намалени доколку нарушувањата во распределбата на ресурсите како и отстапувањата во трговијата и инвестициите не се минимизираат. Трговската размена на Република Северна Македонија со странство се врши во услови на либерализација на трговијата врз основа на договори за слободна трговија со Турција и Украина и со земјите-членки на ЕФТА и ЦЕФТА и согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и земјите-членки на Европската унија.
Клучни зборови: регионални трговски договори, Светска трговска организација, принцип на транспарентност, трговска размена.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Emilija Miteva |
Date Deposited: | 28 Jan 2020 13:54 |
Last Modified: | 28 Jan 2020 13:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23546 |
Actions (login required)
View Item |