Todorova, Marija and Koceva, Vesna (2019) Повеќејазичност – фундаментален принцип на европската јазична политика. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 35 (6). pp. 1855-1862. ISSN 2545-4439
Preview |
Text
Todorova, Koceva.pdf Download (783kB) | Preview |
Abstract
Повеќејазичноста е природна човечка компетенција. Сите луѓе се потенцијално повеќејазични и поседуваат способност за владеење не само на еден јазик туку на повеќе и тоа во зависност од условите, потребите и мотивацијата на личноста. Познавањето на странски јазици повеќе се смета како економски капитал отколку како културно богатство на една единка, затоа што тоа претставува една од најважните вештини, која се зема предвид при изборот на работната рака од страна на работодавците (Araujo, Costa, Flisi, & Soto-Calvo, 2015). Повеќејазичноста е важна за социјалната кохезија и мобилноста на работниците. Ова е клучна точка во Резолуцијата за европска стратегија за повеќејазичност, издадена од Советот на Европската унија во 2008 година. Овој труд посветува внимание на повеќејазичноста како еден од принципите на европската јазична политика. Во воведот накратко се објаснува потребата од познавање на странски јазици, јазичната разновидност и мултилингвалноста во Европа и потребата од поттикнување и промовирање на учењето на повеќе јазици. Во воведот, исто така, се посветува внимание на Заедничката Европска Референтна Рамка за јазици (ЗЕЕР), официјално издадена во 2001 год. и накратко се објаснува што содржи истата. Во продолжение на трудот се прави дистинкција помеѓу поимот плурилингвизам и поимот мултилингвизам. Постои извесна терминолошка интерференција меѓу овие два поима и затоа се јавува потреба од терминолошко разграничување т.е. треба да се објасни што се подразбира под плурилингвизам, а што под мултилингвизам. Исто така, накратко се појаснува терминот повеќејазичност како фундаментален принцип на јазичната политика и се наведуваат целите на јазичната политика на Советот на Европа. Поимот повеќејазичност означува способност за говорење на повеќе јазици, но и коегзистенција на повеќе јазични форми на една географска територија или пак во една институција. Европската унија, како меѓувладина заедница на 28 земји-членки со 24 службени и работни јазици, не е заинтересирана само за повеќејазичност во нејзините институции, туку нејзина цел е да го шири овој концепт во земјите-членки и кај граѓаните. Овој труд има за цел да ја претстави разновидноста на официјалните јазици на ЕУ, да ја истакне улогата на повеќејазичноста, нејзините основни карактеристики, како и нејзиното влијание врз јазичната политика на ЕУ за нејзините земји-членки. Со јазичната политика која се спроведува, ЕУ се стреми кон остварување на својата главна цел, а тоа е да ја чува и промовира јазичната и културната разновидност односно плурилингвизмот, да промовира познавање на јазици, да ги поттикнува сите граѓани да бидат повеќејазични, односно да усвојат најмалку два јазика покрај мајчиниот јазик.
Item Type: | Article |
---|---|
Impact Factor Value: | 1.322 |
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Vesna Koceva |
Date Deposited: | 28 Jan 2020 08:27 |
Last Modified: | 28 Jan 2020 08:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23526 |
Actions (login required)
View Item |