Туристички речник за Скопскиот регион

Todorovic, Emilija and Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Taleska, Milena and Dzambazovski, Kristijan and Golakov, Kostadin (2019) Туристички речник за Скопскиот регион. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-03-0

[thumbnail of Turisticki recnik za Skopskiot region.pdf]
Preview
Text
Turisticki recnik za Skopskiot region.pdf

Download (248kB) | Preview

Abstract

Во Македонија постојат осум статистички региони и тоа: Вардарски, Источен, Североисточен, Пелагониски, Југоисточен, Југозападен, Полошки и Скопски.
Скопскиот регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и претставува главниот културен, политички, економски и образовен центар во Македонија. Урбаниот простор на главниот град Скопје го сочинуваат десет општини: Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Сарај, и Шуто Оризари. Останатите седум општини го зафаќаат останатиот простор на Скопската Котлина, а тоа се општините Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Општина Чучер Сандево. Овој регион изобилува со природни и културно – историски објекти: Археолошкиот локалитет Скупи, тврдината Кале, аквадуктот, старата градска чаршија, бројни цркви и манастири и др. Природните убавини на планините Водно и Скопска Црна Гора, Кањонот Матка и др., нудат голем број на активности во природа. Во регионот успешно се развива урбан, бањски, транзитен и алтернативен туризам. Овој регион е најмал по површина и зафаќа само 7.3% од вкупната територија на Македонија, но, тој е најнаселен со 30% од вкупното население и истовремено е и најгусто населениот регион со 343.5 жители на км².
Основната цел на овој речник е да обезбеди пра¬вилно толкување на поимите и термините, кои се среќаваат во Скопскиот регион и може да помогнат на посетителите и туристите при реализирањето на престојот, одморот или туристичкото патување во овој регион. Областите кои се опфатени во речникот вклу¬чуваат: географски поими, населени места, општини, природни вредности, објекти од културно наследство, религиозни објекти, хотели и угостителски објекти, туристички агенции, транспортни центри, шопинг центри, државни институции, здруженија и други чинители поврзани со туризмот во Скопскиот регион. Ис¬то така, речникот содржи и термини поврзани со хра¬на и пијалаци, гастрономија, објекти за спорт и рекреација, користење на слободното време итн.
Процесот на селекција на термините во речникот одразува за кого е тој наменет. Првенствено е наменет за сите кои работат во туристичкиот сектор, но исто така и за академската јавност, студентите, оние кои патуваат и престојуваат во Скопскиот регион, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои ди¬рек¬тно или индиректно се поврзани со туризмот и угостителството, природното и културното наследство. Во речникот се опфатени поими и термини кои се ко¬рис-тат секојдневно од страна на сите вработени во ту¬риз¬мот и од страна на оние кои учествуваат во него ка¬ко потрошувачи.
Авторите на овој речник прават напор да обез¬бедат основно, точно и јасно објаснување на зна¬че¬њето на поважните термини поврзани со туризмот и угостителството во Скопскиот регион, со што ќе придонесат за зголемување на стручната литература од ова поле и туристичка промоција на регионот. Ова издание на речникот содржи повеќе од 500 поими и термини, подредени по азбучен ред на македонски јазик, преведени на англиски ја¬зик и руски јазик и потоа објаснети на македонски јазик.
Во изработката на речникот користена е со¬од¬ветна стручна литература од областа на туризмот и угос-тителството, како и водичи за Скопскиот регион и Македонија, официјална статистика за регионот, студии, истражувања и публикации поврзани со географијата, природното и културно богатство на регионот. При комплетирањето на материјалот, голем дел од информациите се собрани по пат на теренски истражувања, како и користејќи го интернетот како извор на информација.
Имајќи предвид дека ова е прво из¬да¬ние на речникот, може¬би сме пропуштиле некои важни термини од значење за туризмот и угостителството кои се поврзани со Скопскиот регион. За сите забелешки, мис¬ле¬ња и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто до¬пол¬нето и проширено издание на речникот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 27 Jan 2020 10:47
Last Modified: 27 Jan 2020 10:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23521

Actions (login required)

View Item View Item