Регионални карактеристики на македонската гастрономија

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Nacov, Aleksandar and Georgieva, Ivana (2019) Регионални карактеристики на македонската гастрономија. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-05-4

[thumbnail of Regionalni karakteristiki na makedonskata gastronomija.pdf]
Preview
Text
Regionalni karakteristiki na makedonskata gastronomija.pdf

Download (123kB) | Preview

Abstract

Оваа книга, насловена како „Регионални карактеристики на македонската гастрономија“ е наменета за оние кои работат во туризмот и угостителството, за академската заедница, ученици и студенти, истражувачи, како и сите заинтересирани страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со гастрономијата и туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на гастрономијата и туризмот во нашата земја, како и популаризација на регионалната гастрономска понуда.
Материјалот во книгата е поделен во четири поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на суштината и објаснување на поимот гастрономија, современите тенденции за развој на гастрономијата и гастрономскиот идентитет.
Во вториот дел, обработен е материјалот поврзан со основите на македонската гастрономија, историскиот развој на гастрономијата, специфичностите на македонските јадења и традициите во исхраната.
Во третиот дел се разгледува модерната македонска гастрономија, а посветен е материјал на позначајните шефови од современата макдеонска гастрономија, нивните погледи кон гастрономијата и предлог рецепти по нивен избор.
Четвртиот дел е посветен на регионалните карактеристики на македонската гастрономија. Земени се предвид осумте региони во земјата, а секој од нив дадени се основните карактеристики, препознатливи гастрономски производи и манифестации, како и предлог мени за регионално јадење.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и интернет извори од областа на гастрономијата и туризмот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со гастрономските карактеристики на регионите во нашата земја. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата.
Благодарност упатуваме и до рецензентите за укажаните позитивни и конструктивни сугестии.
Благодарни сме и на шефовите кои несебично ни доставија текстови поврзани со гастрономијата и предлог рецепти со кои ја збогативме содржината на оваа книга и ги одбележавме поважните чинители на модерната македонска гастрономија.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 28 Jan 2020 08:30
Last Modified: 28 Jan 2020 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23520

Actions (login required)

View Item View Item