Менаџмент на настани: аспекти на туризмот и угостителството

Filiposki, Oliver and Metodijeski, Dejan and Micevski, Mladen and Dimovski, Cedomir and Dzambazovski, Kristijan and Taleska, Milena and Todorovic, Emilija (2019) Менаџмент на настани: аспекти на туризмот и угостителството. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-04-7

[thumbnail of Menadzment na nastani - Aspekti na turizmot i ugostitelstvoto.pdf]
Preview
Text
Menadzment na nastani - Aspekti na turizmot i ugostitelstvoto.pdf

Download (256kB) | Preview

Abstract

Книгата „Менаџмент на настани: аспекти на туризмот и угостителството“ е наменета за сите кои работат во секторот поврзан со организирањето на настани, угостителството и туризмот, за академската јавност, студентите, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со организацијата на настани и туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на менаџментот на настани од аспект на угостителството и туризмот.
Материјалот во книгата е поделен во четири основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на дефинирање на настаните, значењето на настаните за угостителството и туризмот, социо-културните и економските влијанија на настаните, примери на позначајни настани во светот и во Македонија. Исто така, обработен е материјалот поврзан со историскиот развој на настаните, како и критериумите за поделба на различните видови на настани.
Во вториот дел се разгледуваат подготовката на содржината на програмата на настанот, основните цели на настанот, просторни и човечки ресурси, техника и опрема, услуги на храна и пијалаци и дополнителни услуги во организација на настан. Исто така, посветен е дел за безбедносните мерки при организација на настанот.
Третиот дел е посветен на опфатот на настанот и неговата временска рамка, планирање и калкулација на буџет за организација на настан, примање на барање за организација на настан, изработка на понуда за настан и склучување на договори при реализација на настан.
Четвртиот дел има за цел да ги опфати основните аспекти на комуницирање со учесниците и постигнување на задоволство од настанот, контрола на квалитетот на услугите кои се предлагаат на настанот, методите на испитување на учесниците во настанот, како и препораките за подобрување на организацијата на настанот.
Во материјалот се презентирани современите светски тенденции во развојот на индустријата поврзана со настани, како и МИЦЕ туризам. Исто така, дадени се примери од светските практики поврзани со организацијата и менаџментот на настани, како и менаџментот на настани во нашата земја.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на менаџментот на настани, угостителството и туризмот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со менаџментот на настаните. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 27 Jan 2020 10:47
Last Modified: 27 Jan 2020 10:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23518

Actions (login required)

View Item View Item