Nateva, Marina and Velickova, Nevenka (2019) Клиничкото значење на хепаталните ензими како биохемиски биомаркери за хепатотоксичност на статини кај пациенти со дислипидемија. In: The 3rd Conference on quality in laboratory medicine (with international participation), 3-6 Oct 2019, Struga.
Preview |
Text
Abstrakt Book struga 2016 priprema (1)-converted.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
PROGRAMA Struga 2019 alfapress.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
poster_Velickova.pdf Download (240kB) | Preview |
Abstract
Лекувањето со статини, кај пациенти со дислипидемија условува ефикасно и брзо намалување на концентрацијата на холестерол во крвта, но од другата страна сепак, оваа класа на лекови може да предизвикуваат патофизиолошки промени во хепаталното ткиво со зголемување на вредностите на хепаталните ензими (серумски аминотрансферази). Со примена на сензитивни и специфични ензимски тестови како што се лабораториските тестови за серумски аланин и аспартат аминотрансфераза, како биомаркери може да се потврдат хепаталните ефекти и систематска хепатотоксичност во текот на користење на статинската терапија.
Целта на овој труде е да се укаже на значењето на биохемиските биомаркери, како што се серумските аминотрансферази, како потенцијални предвидувачки параметри преку коишто може да се следи хепатотоксичноста како и да се направи корелација со дозата и типот на статинската терапија и степенот на хепатотоксиколошките ефекти. Хепатотоксичните ефекти беa следени кај пациенти со дислипидемија како и пациенти со хронична срцева слабост коишто подолго време се со препишана статинска терапија. Беа следени биохемиските маркери, главно серумски аланин и аспартат аминотрансферази со дозата и типот на статинската терапија во временски интервал додека трае истражувањето.
Резултатите од овој труд потврдуваат дека високите вредности на хепаталните ензими се во корелација со дозата и типот на статинската терапија. Тоа значи дека поголеми дози од овие хемиски агенси можат да делуваат токсично, додека малите дози можат да имаат кумулативен ефект, да се задржат подолг временски интервал и последиците да бидат потврдени многу подоцна.
Клучни зборови: Статини, серумски аминотрансфераи, хепатотоксичен ефект.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 27 Jan 2020 09:57 |
Last Modified: | 27 Jan 2020 09:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23497 |
Actions (login required)
View Item |