Регулативата 2017/1939 за канцеларијата на европскиот јавен обвинител: меѓу засилена соработка и едногласност

Josifovic, Ivica (2019) Регулативата 2017/1939 за канцеларијата на европскиот јавен обвинител: меѓу засилена соработка и едногласност. Годишен зборник на Правен факултет, 9. pp. 11-23. ISSN 1857-8713

[thumbnail of Godisen zbornik broj 9 Praven fakultet-pages-1-4,12-22.pdf]
Preview
Text
Godisen zbornik broj 9 Praven fakultet-pages-1-4,12-22.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Трудот претставува продолжение на претходно објавениот труд за Годишникот на Правниот факултет во Штип од 2017 година, а се однесува на воспоставувањето на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (КЕЈО). Освен претходното објаснување на телата кои се задолжени за борба против финансискиот криминал, како и објаснувањето на членовите 85 и 86 од Договорот од Лисабон кои ја создаваат можноста за воспоставување на КЕЈО, трудот посебно се осврнува на анализа на Регулативата 2017/1939 на Советот на Европската унија за воспоставување на КЕЈО
засновано на засилена соработка. КЕЈО значително ќе биде зависно од националното право, не само поради тоа што обвинетите ќе бидат судени пред националните судови, туку бидејќи Регулативата вклучува ограничен број на правила за регулирање на истрагите и обвиненијата. Како прво Европско тело надлежно за усвојување на одлуки vis-à-vis поединците во кривичната област, КЕЈО претставува значителен напредок во кривичното право на ЕУ. Како што годишно се губат финансиските ресурси на ЕУ заради измама направена во сите држави-членки, се смета дека такво Европско тело надлежно да истражува такво незаконско однесување е повеќе од потребно. Бидејќи институцијата е предвидена да започне со работа од 2020 година, заклучокот упатува на одредени лични ставови од однос на идното функционирање на Канцеларијата.
Клучни зборови: КЕЈО, Регулатива, финансиски криминал, истраги, обвиненија

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 23 Jan 2020 14:34
Last Modified: 23 Jan 2020 14:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23467

Actions (login required)

View Item View Item